Времеплов: Прошетка низ Аеродром во 1985 година

Јутјуберот Скопски Фанданго објави 16-минутна снимка од прошетка со автомобил низ населбите од она што е денеска населби во Општина Аеродром, снимено во 1985 година.

Скопје, СР Македонија, Југославија, 1985 година. Веќе доста згради се никнати во населбите Јане Сандански и Аеродром, но и натаму наголемо се гради. Денешните крошни дрвја се само мали, штотуку насадени. Купишта земја се забележува - Аеродром допрва ќе стане голема населба.

Снимателот тргнува од населбата Јане Сандански, вози по истоимениот булевар минувајќи покрај она што денеска е Капитол Мол, а тогаш само празен простор. Продолжува право, па врти по ул. „Васко Карангелески“ кон населбата Аеродром, за некои денес позната како Стар Аеродром, кај поликлиниката „Јане Сандански“. Пазарот на кој застанува е веројатно зад она што денеска е Бисер, каде и денес има пазар.

Потоа се сели во Мичурин, онаков каков што денес младите не го паметат. Градежната мафија сѐ уште не ги допрела двокатните згради во оваа стара скопска населба.

Видеото завршува така што снимателот оди покрај кулите во Аеродром, најпрепознатливите згради во оваа населба пред да биде силувана од бетонизацијата на секој можен градоначалник на Град Скопје, Општина Кисела Вода* и Општина Аеродром.

Remote video URL

*До 2005 година целата територија на денешната Општина Аеродром беше под Општина Кисела Вода.

реклама

Македонија

Утре променливо облачно со локален дожд

Read more

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презеде градоначалничката функција

Read more

Утре без вода дел од улица во скопски Карпош

Read more

МВР апелира: Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, оставете го мобилниот додека возите

Read more
 

Вести

Бундесбанк: Германската финансиска стабилност е во опасност

Читај повеќе

Руски војник осуден на доживотен затвор за убиство на украински воен заробеник

Читај повеќе

Утре променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презеде градоначалничката функција

Читај повеќе

Утре без вода дел од улица во скопски Карпош

Читај повеќе

МВР апелира: Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи, оставете го мобилниот додека возите

Читај повеќе

Лога: Македонија е единствената земја во Европа која сѐ уште нема биометриски лични карти

Читај повеќе

Вештачката интелигенција го менува пазарот на труд

Читај повеќе

Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк

Читај повеќе