Второ издание на Скопски моден фестивал: Can you feel the light?

Втората сезона на манифестацијата ќе се одвива вкупно десет дена на нова локација во трговскиот центар, со три ревиски гала вечери и ексклузивен изложбен салон, за претставување на колекциите на учесниците од земјата и странство.


„Can you feel the light?“ e слоганот под кој на почетокот од месец ноември ќе почне второто издание на Скопски моден фестивал, манифестација за љубителите на дизајнот, културата и уметноста во метрополата. Домаќин и партнер во реализацијата на манифестацијата е повторно трговскиот центар Скопје Сити Мол, каде во рамки на десетдневната програма, посетителите ќе имаат можност премиерно да ги видат последните модни колекции на низа млади и етаблирани дизајнери од земјата и странство, македонски и интернационални брендови, како и престижни школи. 

Скопски моден фестивал свечено ќе се отвори со коктел гала и музички спектакл. Првите три вечери се резервирани за модни ревии и перформанси, кои се закажани на 03.11 (четврток), 04.11 (петок) и 05.11 (сабота). Два дена подоцна, на 07.11 (понеделник), вниманието се сели во ексклузивниот изложбен салон на првиот кат во трговскиот центар, каде одблизу ќе може да се погледнат, одберат или нарачаат оригиналните креации на фестивалските учесници. Надвор од официјалниот дел, свое претставување пред присутните ќе имаат и реномирани артисти.

„Она што стихиски бликна како искра надеж на модната сцена минатата пролет, овојпат се снопови светлина, коишто во ноевмри ќе блеснат во полн спектар пред гостите на фестивалот. Впрочем, тоа беше и ни останува мисијата нам како организатори во соработка со Скопје Сити Мол. Да покренеме вистинска прослава на модата и уметноста во градот, доближувајќи ги нејзините создавачи до што поголема бројка на публика. Шоуто мора да продолжи“, истакнува Милан Атанасов, креативен директор на настанот.

Заштитнo лицe на втората сезона e актерката Миа Жиро, на која ѝ беше доверена главната улога во најавното видео за фестивалот, снимено под режисерска палка на Ангела Стојковска. Наменски за пригодата се искомбинирани облека и додатоци од македонскиот бренд КТН и познатиот дизајнер Роберт Ивановски. Како стилист на кампањата се потпишува Ангелина Китановска, за шминката е заслужна визажистката Сашка Мирчевска – Sashions, додека фризурата е дело на Стефан Спасовски. Промотивните фотографии ги изработи дуото Frozen Time Drops. Миа Жиро е модел во модната агенција ZOA. 

Remote video URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе