Вучиќ: Денес во Брисел всушност уште еднаш ништо не се случи

Денес всушност уште еднаш ништо не се случи, верувам дека нашите пријатели од Скопје и Тирана заслужуваат да добијат отворање на почетокот на преговорите со ЕУ и верувам дека до тоа ќе дојде што е можно поскоро, што не е прашање на молба, оти и двете земји сработија сè што е побарано од нив и навистина треба да го добијат заслуженото, изјави српскиот претседател на прес-конференцијата во Брисел по завршување на состанокот на лидерите на Западен Балкан и ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој им се заблагодари на премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и на Албанија, Еди Рама за фер односот кон Србија на денешниот состанок и изјави дека е неопходно да се прифати предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за Европската политичка заедница.

– Само така може да се слушне нашиот глас и почесто да ги слушаме другите, европски колеги.-Верувам дека заедно со Европската политичка заедница која може да биде многу значајна за нас, ќе можеме сите заедно да решиме одредени прашања, особено тешките прашања за Северна Македонија и Албанија, а во меѓувреме ќе се обидеме да го зголемиме нивото на соработка меѓу нашите земји, да ги подобриме односите и да видиме што може да направиме повеќе за нашите граѓани, за меѓусебните туристички посети, за работните дозволи и останатото од иницијативата на Отворен Балкан, што е идеја пред се на овие три земји, што секако дека не е забрането, изјави Вучиќ.

Според него, на состанокот имало добра дискусија и немало конкретни резултати за Западен Балкан.

– Ако можам да преведам она што ни беше важно денеска и ако анализирате, немаше конкретни резултати за Западниот Балкан и имавме добра дискусија. Никогаш не би потценил такво нешто. Ако ме прашате дали Македонија и Албанија добија датуми за почеток на преговори – не, Приштина не доби визна либерализација, БиХ не доби кандидатски статус… Бевме критикувани од многу членки за санкциите и тоа е тоа. Тоа е она што се случи ако сето тоа се сумира во конкретни ставки. Но, во политиката не секогаш се работи за конкретни работи. Сакаме да изградиме доверба, од таа гледна точка, мислам дека ова е важен состанок и дека Самитот беше добар, оцени Вучиќ. 

Премиерот на Албанија Еди Рама денеска во Брисел, по самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, изрази разочарување од односот на Унијата кон европската интеграција на регионот, наведувајќи дека не е проблем само Бугарија, туку и дека ЕУ е уморна на проширувањето, јави дописничката на МИА од Тирана. 

На заедничката прес-конференција со лидерите на Србија и Северна Македонија, Рама рече дека Северна Македонија чека 17 години да се отворат преговорите за членство во ЕУ, а Албанија осум години.  

 – Од една заедничка визија и заедница, ЕУ стана инструмент за поединечни членки да запрат нешто. Приказната со Бугарија е срамота. Едната земја наметнува нешто свое, а другите 26 не можат ништо да направат околу тоа. Има многу наводи дека (рускиот претседател Владимир) Путин е болен, но не можам да кажам дека оваа куќа овде изгледа здраво, изјави Рама. 

 Тој апелираше до лидерите на ЕУ да не ја убиваат вербата на Албанците во европската иднина, наведувајќи дека неговата земја ќе остане на европскиот пат со верба дека ќе стане дел од ЕУ.

Рама изрази жалење и што ЕУ сè уште не го либерализирала визниот режим за граѓаните на Косово.   

Албанскиот премиер повтори дека ЕУ треба да има разбирање за Србија и дека не е добро да се бара од Белград да се приклучи на сите санкции што ги воведе кон Русија.  

Рама рече дека „реалноста е сосема поинаква“ во Србија и дека на средбата со европските лидери „се обидел да објасни“ дека 80 отсто од српските граѓани го поддржуваат рускиот претседател Путин.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе