Вучиќ и Путин ќе разговараат в недела

Српскиот претседател Александар Вучиќ в недела во 11 часот ќе разговара со рускиот колега Владимир Путин, како што им изјави самиот Вучиќ на новинарите, а главна тема ќе биде гасниот договор меѓу Србија и Русија, кој истече на 21 мај, за кој се шпекулираше под кои услови и дали Србија воопшто ќе може да набавува нови количества гас од Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Да ве информирам, од насмевките и потсмевот на некои дека нема да има разговори, еве в недела во 11 часот ќе имам разговор со претседателот Путин. Верувам дека ќе имам добар и сериозен разговор со Путин за натамошната соработка меѓу Србија и Русија, договорот за гас и сите други прашања, истакна Вучиќ.

Претходно, медиумите во Србија и домашната политичка јавност шпекулираа дека можеби нема да има разговори или дека руската страна намерно ги одложува преговорите за гасот за да изврши притисок врз Србија да не се согласи со санкциите кон Русија.

Пред само два дена, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека нема конкретни планови за разговори меѓу Путин и Вучиќ, но дека разговорите може да се одржат доколку за тоа биде потребно.

– Тој разговор засега не е во распоредот за следните неколку дена, но тоа не значи дека не може да се закаже многу брзо. Знаете дека нашите контакти со Белград се приоритетни, тие се сојузнички, пријателски, па ако треба ќе се разговара, истакна Песков.

Вучиќ денеска одговарајќи на новинарско прашање каков е неговиот одговор на некои шпекулации од опозицијата дека ќе треба да и каже „Спасиба на дружбата“ на Русија, тој рече дека тие што тоа го тврдат не знаат што значи овој израз и дека Србија секако ќе изрази благодарност до Русија.

Српските медиуми оценуваат дека српскиот државен врв е убеден дека разговорот меѓу Вучиќ и Путин ќе резултира со позитивен договор за снабдување со гас за Србија, имајќи предвид дека Вучиќ пред неколку дена веќе се договори со унгарскиот премиер Виктор Орбан околу условите за складирање гас во таа земја.

Вучиќ најави и други важни разговори и посети со светски претставници.

– Наскоро не очекуваат значајни посети од Европа, светот и Руската Федерација, бидејќи мислам дека тие во моментов можат само во една земја да дојдат, рече Вучиќ.

Тој не прецизираше за какви посети станува збор, додека најавата за посетата на европските претставници веројатно се однесува на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој треба да дојде во Белград на 10 јуни, како дел од посетата на целиот регион на Западен Балкан.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе