Вучиќ на кризен состанок во Брисел, одбива да разговара со Курти

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика ги покани српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на итен кризен состанок денеска во Брисел, додека Вучиќ рече дека доаѓа во Брисел, но дека не сака да се сретне со Курти.

„Ги поканив лидерите на Србија и Косово на итен состанок со цел да се најде излез од актуелната криза. Мора веднаш да ја деескалираме ситуацијата, да одржиме нови избори на северот на Косово со учество на косовските Срби. Ова е од најголема важност за регионот и ЕУ“, напиша Борел на Twitter.

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово најави дека ќе дојде во Брисел и ќе разговара со Борел, но дека нема што да разговара со Курти. „Ќе одам во Брисел да разговарам еден час, два, десет, со Борел, но немам што да разговарам со Курти“, изјави Вучиќ за РТС.

Напната ситуација во Косово

Ситуацијата на северот на Косово е крајно напната во последните неколку недели. Кон крајот на мај, локалните Срби се спротивставија на преземањето на функцијата градоначалници од етничките Албанци по локалните избори во четири северни општини каде излезноста беше само 3,4 отсто, бидејќи Србите, кои го сочинуваат мнозинството на север, ги бојкотираа.

Во судирите беа повредени 30 припадници на мировните сили (КФОР) и повеќе од 50 српски демонстранти. Последниот инцидент се случи кога српските сили уапсија тројца косовски полицајци. Србија тврди дека тие биле уапсени длабоко во нејзината територија, додека Приштина вели дека биле уапсени на 300 метри на територијата на Косово.

реклама

Регион

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе