Вучиќ: Србија ќе добие нов стадион - еден од најубавите во Европа

Претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека земјата ќе добие национален стадион кој ќе биде еден од најубавите на Стариот континент.

Тој потврди дека веќе разговарал со претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, за европската куќа на фудбалот финансиски да го помогне проектот.

„Разговарав со Чеферин и побарав од него, но нема да кажам што беше неговиот одговор... Тоа ќе биде еден од најубавите стадиони во Европа, со околу 55.000 гледачи, потполно зелен со дрвени греди во еколошки стил, фантастична убавина. Ќе биде нешто извонредно“, истакна српскиот претседател.

Вучиќ гостуваше на TV Happy во емисијата „Ćirilica“ каде истакна дека српските граѓани не се рационални по прашањето за изградба на тој стадион и рече дека преку поголеми вложувања во спортската инфраструктура ќе дојдат и подобри резултати во спортот, но и дека се менуваат навиките на навивачите кои сакаат со нивните семејства да се напијат и да каснат нешто.

„Кон крајот на март и април ќе отвориме три стадиони, три 'убавици', во Зајечар, Лозница и Лесковац. Кога ќе почне да се работи на 'Маракана', стадионот 'Рајко Митиќ', Звезда ќе игра на еден или на два од тие стадиони“, наведе тој.

Додаде и дека верува дека селекторот Драган Стојковиќ-Пикси ќе направи добар тим и дека Србија после долго време ќе успее да се пласира на Европско првенство. Српшската фудбалска репрезентација немна настап на ЕУРО од шампионатрот 2000 година во Белгија и Холандија, односно кога државата беше Србија и Црна Гора, оттогаш не успевајќи да се квалификува на 5 континентални првенства по ред. Интересно, оттогаш Србија пропшушрти само два Мундијала (2002 и 2014), а пласман на Мундијал е многу потешко остварување отколку на ЕУРО, со оглед на тоа што многу помалку репрезентации од Европа се квалификуваат.

„Верувам дека ќе успееме да направиме што подобри резултати, исто и во ракомет и во кошарка“.

Верува дека добрите резултати за Србија допрва ќе дојдат во кошарката, бидејќи во овој спорт Србија има најдобра репрезентација.

„Тоа е репрезентација на која ретко кој во Европа може да ѝ се спротивстрави. Верувам во нив, но мораме да градиме инфраструктура, мораме да ги менуваме навиките. Луѓето не сакаат само да дојдат за да навиваат, туку и да уживаат, да јадат и да се напијат нешто, и тоа да им биде целосно доживување“, заврши Вучиќ.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе