За 48 минути на терен заработи 28 милиони евра

ФИФА му наложи на Лидс Јунајтед да му плати 28 милиони евра на францускиот фудбалер Жан-Кевин Огустин.

Огустин пристигна на позајмица од Лајпциг во јануари 2020 година. Лидс потоа вети дека ќе го откупи неговиот договор доколку се врати во Премиер лигата.

Лидс влезе во најсилната англиска лига, но не го откупи договорот. Пред две години Лајпциг го тужеше англискиот клуб и со пресуда на ФИФА доби околу 20 милиони евра.

Проблемите на Лидс не завршија тука, бидејќи самиот играч го тужеше клубот. Огустин побара од ФИФА Лидс да му го исплати целосниот петгодишен договор што требаше да го потпише летото 2020 година. Сега светската фудбалска федерација пресуди во негова корист, а Лидс ја обжали оваа пресуда до Судот за спортска арбитража.

Огустин одигра само 3 натпревари за Лидс и собра вкупно 48 минути. Кариерата ја започна во ПСЖ од каде во 2017 година замина во Лајпциг. Од минатата година е во швајцарски Базел.

реклама

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе