ОД СЕКС КОЛУМНИСТКАТА НА KAJGANA.COM

За кого всушност треба да се разголените фотографии?

Темава повремено ми се начнува во глава- зошто всушност правиме разголени фотографии од нас самите? Последниве неколку денови, со сета злоупотреба на таквите фотографии која може да ја видиме во случајот „Јавна соба“, темата ми стана уште поактуелна во главата, па и низ секојдневните разговори.

Додека едни никогаш не би се осудиле да се фотографираат разголено (а се надевам нема да ги осудуваат оние кои сакале да се фотнат така), други се чувствуваат комотно да направат такви фотографии и, понекогаш, да ги пратат некому. Јас спаѓам во втората категорија на луѓе. Дали сум пратила такви фотографии? Да. Дали биле злоупотребени (досега)? Не. Се надевам дека и нема да бидат никогаш. Но имам многу такви фотографии кои не сум ги пратила никому, никогаш, не сум ги објавила и немам ни намера да го направам тоа. Зошто сум ги направила тогаш? За себе.

Разголените фотографии кои ги правиме се славење на сопственото тело и сексуалност и не секогаш мора да има поширока публика за тоа. Едноставно некогаш вие сте си доволни. Ние сме оние кои треба да сме комотни со тоа што го гледаме во објективот, во огледалото, пред себе. И оние денови кога ќе го видиме тоа, нема зошто да не сакаме да го овековечиме. За 10, 20 или 30 години подоцна сигурно ќе изгледаме поинаку и ќе биде убаво да се присетиме на тоа како сме изгледале денес. Дури и во оваа доба, женското тело се гледа како некое огромно табу- сите некако се убедуваме да видиме повеќе голотија и кожа, но кога тоа ќе се случи жената која се „осудила“ на тоа добива секакви етикети од фолклорен карактер. Токму затоа верувам дека најголемиот чин на бунт против тоа општество е ние да сме си комотни во сопствената кожа. Тој бунт треба да е да сме горди на тоа како изгледаме разголено и да си направиме фотографии од кои ќе се гордееме, макар за себе, макар само за да земеме контролна повторно над сликите за сопствените тела. Тоа се наши облини, наша кожа, наши лузни и наш начин да си ја запознаеме сопствената сексуалност - а верувајте во тоа нема ниту ништо лошо, ниту ништо срамно. Жената дури и сега е често третирана како објект врз кој се поставува сексуалност, но наше лично право е да покажеме дека не сме сексуални објекти, туку сексуални суштества. Па затоа, кој и да е начинот да стигнете до тоа чувство - макар било и голо селфи - тогаш тој е валиден.

Убаво паметам една епизода од „Сексот и градот“ каде што секогаш храбрата и самоуверена Саманта реши да направи професионални разголени фотографии - за самата себе. Да, потврдата дека изгледа неверојатно беше добредојдена, но првичната мотивација зад тој чекор беше славење на сопственото тело, за себе. И тоа е ставот кој се трудам да го имам некои денови. Некои денови е безуспешно, но оние денови кога успевам во тоа, верувајте ми се чувствува и од околината.

Затоа дури и би си зела за право да ве охрабрам - сликајте се како сакате! За вас, и буквално никој друг не е важен. Дури ако немате моментално храброст да застанете пред камера, гледајте се во огледало, разголени, облечени во некоја секси долна облека и со тоа земете си ја моќта на сопственото голо тело назад кај вас. Без разлика што може општеството (или одредени индивидуи) сака да ви наметне да верувате, сите ние треба да сме комотни во нашата кожа и тој однос и таа почит секогаш почнува кај нас самите. Кога ние ќе си ја сакаме нашата сексуалност, партнерите само ќе ни ја сакаат повеќе.  

П.С. Слободно и споделувајте ги овие фотографии доколку сакате. Најважната работа при таква комуникација, доколку е со еден партнер, е тоа да е консензуално и во доверба (одредени платформи за комуникација нудат опции за тие фотографии да не останат никаде зачувани потоа - Вибер на пример има пораки кои исчезнуваат после одреден временски период). Доколку ги споделувате на социјални медиуми, внимавајте да се во согласност со правилата на конкретната платформа и воедно да немаат противзаконска содржина. Сѐ останато всушност е слобода на (уметничко) изразување. 

*Името на авторката на текстот ѝ е познато на Редакцијата на Kajgana.com

реклама

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе