Навистина сами си го баравте за „Јавна соба“

Да, има скандал во Македонија. Огромен. Ама не за разголените фотки од кои се потресе и згрози јавноста, туку за нефункционалноста на институциите од која треба да се потресе и згрози јавноста.

Темата „Јавна соба“ повторно се актуелизира деновиве откако беше обелоденето дека на социјалната мрежа Telegram над 5.600 членови на групата споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки. Првата ваква група на социјалните мрежи беше откриена пред една година, кога беа откриени околу 7.000 корисници кои си разменувале експлицитни фотографии од девојки, од кои некои и малолетни. Полицијата тогаш соопшти дека групата „Јавна соба“ по преземените мерки е згасната.

Откако групата одново почна да функционира и со јавно сведоштво истапи една од младите жени чија фотографија била споделувана од корисниците во „Јавна соба“, шок и неверување повторно одекна во јавноста, но во различни правци. Додека едни играат „морална полиција“ и релативизираат околу природата на фотографиите и карактерот на жртвите, со тоа правејќи недвосмислена двојна виктимизација, други повикуваат на линч на сторителите и „преземање на правдата во свои раце“. Најретки, за жал, се гласовите, особено на официјални и јавни лица и ентитети, кои повикуваат на одговорност од институциите. Речиси непостоечки се оние кои јавно, гласно и недвосмислено го осудија флагрантното кршење на правата на овие девојки и жени и понудија поддршка за нив.

Графички дизајн: Теано Кардула
Заглушувачка тишина

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека „презема мерки за расчистување на случајот“ и го повика „секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица“. МВР во координација со обвинителството преземале соодветни мерки и ќе продолжеле „со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Telegram која до сега демонстрира целосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја“.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, дури денеска побара од надлежните институции „соодветно да го истражат случајот, а престапниците да бидат гонети и казнети согласно законските прописи“. Тој нагласи дека „одговорност мора да има во најкус можен рок“.

Платформата за родова еднаквост изрази „огромно разочарување од игнорантниот однос на надлежните институции во врска со случајот ‘Јавна соба’“ и побара од Јавното обвинителство „неодложно и темелно да го расчисти случајот кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство“.

И Хелсиншкиот комитет побара од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство

Политичката фела, пак, е глува и нема на случувањата. Ни жените министри, пратеници, градоначалници не изразија став кон скандалот.

Да, има скандал во Македонија. Огромен. Ама не за разголените фотки од кои се потресе и згрози јавноста, туку за нефункционалноста на институциите од која треба да се потресе и згрози јавноста.

Според истражувањето на Реактор од 2012 година, 53 % од жените  сметаат дека не се пријавуваат случаите на насилство во полиција затоа што жената ќе биде засрамена или исплашена дека луѓето ќе извадат муабети за неа, додека 33 % сметаат дека полицијата нема да направи ништо. Оваа студија покажува дека јавната свест за разбирањето на проблемот со насилството врз жените е ниска и несоодветствува со неговата реална распространетост.

„Некои жени јасно го препознаваат насилството во сите негови форми, додека други не го препознаваат, а понекогаш дури и го оправдуваат (однесување, изглед или облека кои, според нив, провоцираат насилство). Со тоа што редовно се предмет на најчестите форми на родово насилство (како што е зјапање, свиркање, сексуални коментари), многу жени едноставно го прифатиле овој вид на насилство како неизбежен дел користењето на јавните места“, се вели во студијата.

Кој да го фрли првиот камен?

Жалната и поразителна реалност е дека за случајот и последиците на „Јавна соба“ сме виновни сите ние како општество. Она што им се случува на овие девојки и жени е општествен проблем, а не повод и прилика да ги излистаме нашите морални кодекси.

Социјалните мрежи се преплавени со осуда и повикување на линч, наместо емпатија, едукација и повикување на одговорност. Да, одговорност! Она што како граѓанство треба да го направиме не е да прашуваме „што барала да се слика“ или да удриме по мажите како „целна група“, туку да им покажеме на институциите дека навистина сами си го бараа нашиот гнев и незадоволство во врска со „Јавна соба“, бидејќи токму институциите потфрлија.

Очигледно е дека задоцнето е сеопфатното сексуално образование, дека недостига регулирање на сексуалната работа, дека процентуалната родова застапеност на жените на јавна функција не значи ништо ако низ нивните зборови и дела се преточуваат само партиските агенди, дека не е доволно само да ги охрабруваме жртвите на сексуално насилство да пријават и да прозборат за тоа јавно, ами и да им овозможиме правна и институционална рамка за процесуирање на делото, како и социјална и психолошка мрежа на поддршка. Најважно од сѐ, очигледно задоцнивме да бидеме луѓе.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Теми и коментари

Ден на планетата Земја: Како со нашите модни избори гласаме за иднината?

Read more

Зошто смртната казна нема да спречи свирепи убиства?

Read more

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more
 

Ново

  • play_arrow

Фејл-компилација очекувања наспроти реалност

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе