За колку време на возачите им „пука филмот“ откако ќе се вклучи зеленото светло?

Возачите кои нема да тргнат за три секунди откако ќе се вклучи зеленото светло на семафорот ги нервираат оние што чекаат зад нив, покажаа резултатите од едно најново истражување.

Истражувањето на Британската организација за помош на пат (RAC) спроведено на 2.498 возачи во ОК покажува дека 46 отсто од возачите веруваат дека не треба да поминат повеќе од три секунди откако ќе се вклучи зеелното светло за да почнат да се движат.

Поради тоа RAC изрази загриженост за безбедноста во сообраќајот, сообраќајниот метеж и загадувањето на воздухот предизвикано од возачите кои реагираат премногу бавно.

Околу 17 отсто од испитаниците рекле дека често не успеваат да поминат на зелено светло поради возачите пред нив кои не реагираат навремено. Околу три четвртини (64 проценти) велат дека морале да чекаат повеќе од 10 секунди „на зелено“.

Мажите повеќе ги нервира бавноста отколку жените

Докажано е дека бавноста во движењето повеќе ги иритира мажите отколку жените (50 отсто во споредба со 41 отсто).

Околу една третина (35 проценти) од испитаниците рекле дека можат да се справат ако некому му требаат помеѓу четири и шест секунди, а седум проценти од испитаниците биле многу опуштени во врска со тоа и рекле дека можат да чекаат онолку долго колку што треба.

Портпаролот на RAC, Сајмон Вилијамс, рече дека повеќе од три секунди „може да изгледаат како вечност кога се обидувате да поминете на семафор“, особено затоа што за некои зеленото светло трае само 15 секунди.

„Чекањето сериозно го намалува бројот на возила што можат да поминат пред да се запали црвеното светло, што создава сообраќаен метеж и може да го зголеми загадувањето на воздухот“, додаде тој.

„Премногу возачи поради некоја причина не обрнуваат доволно внимание на она што се случува околу нив кога чекаат ред на семафор“, рече Вилијамс.

Освен што го продолжува времето на возење, ова може да влијае и на безбедноста во сообраќајот, особено кога возачите нагло тргнуваат бидејќи доцна забележуваат промена на светлото, па не ги ни проверуваат ретровизорите за да се уверат дека можат да тргнат. Повеќе возачи би требало да внимаваат на семафорите, наместо да лутаат со мислите или да чепкаат во телефонот, што патем е и нелегално.

реклама

Авто новости

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Read more

Се заострува спорот за платите во Volkswagen: Синдикатот се подготвува за тешка борба

Read more

Range Rover Sport „на струја“: Автономија до 600 км и 542 коњски сили

Read more

Како се тестира издржливост на автомобилите во Индија?

Read more

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Читај повеќе

Се заострува спорот за платите во Volkswagen: Синдикатот се подготвува за тешка борба

Читај повеќе
  • filter

Range Rover Sport „на струја“: Автономија до 600 км и 542 коњски сили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како се тестира издржливост на автомобилите во Индија?

Читај повеќе

Електричниот седан Jetta M6 во Кина чини 10.600 евра: Зошто сè е толку поскапо во Европа?

Читај повеќе

Дали знаете што значи „психологија на празен резервоар“?

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа во 2026 година?

Читај повеќе

Германски автомобил на годината 2027: Избрани најдобрите по класи

Читај повеќе

Volvo ќе го прекине производството на неколку модели во Шведска, загрозени се 3.000 работни места

Читај повеќе