КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

За Милан повреден, за Шведска не: Чудниот Златан

Напаѓачот на клубот од Милано не игра за својот тим веќе некое време бидејќи е повреден, но ќе се јави на повикот на шведскиот селектор за претстојните мундијалски квалификации.

Навивачите на Милан со право се бесни: Златан Ибрахимовиќ е повреден за нивниот тим, но ќе проба да стисне заби за да ѝ помогне на Шведска да се квалификува на Мундијалот во Катар.

Шведскиот селектор Јане Андерсон го вклучи Ибра на списокот од 25 фудбалери кои треба да му бидат на располагање за претстојните два натпревара, против Косово на 9 октомври и три дена подоцна против Грција.

По неколкугодишното неиграње за татковината, Ибра во март се врати во жолто-синиот дрес, а потоа поради повреда на коленото го пропушти ЕУРО 2020. Повредата го мачеше до септември кога само што се врати во дресот на Милан, одигра само 30 минути против Лацио, даде и гол, но повторно се повреди, овој пат Ахиловата тетива поради која сѐ уште е во аут.

Селекторот Андерсон се надева дека Ибра ќе се опорави до овие два дуела, но дури и да не може да игра тој го објасни неговиот повик:

„Одлучив да го повикам бидејќи верувам и очекувам дека би можел да биде корисен и да му помогне на тимот. Го мачи повреда, но ден по ден се подобрува. Ќе биде со нас кога ќе се собереме наредната недела“, рече шведскиот стратег.

Ибрахимовиќ и завчера не беше ниту на клупата кај Милан на натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико. Пред репрезентативната пауза „Росонерите“ имаат уште еден натпревар викендов против Аталанта в недела вечер. Дали Ибра ќе биде во комбинација за ова тешко гостување, или ќе се оправи само за Шведска, останува да видиме.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе