За неколку часа се потрошија вакцините против грип кои чинеа 800 денари

Сите 2.000 дози од вакцините против сезонски грип кои чинеа по 800 денари се потрошија за неколку часа откако почна вакцинацијата во Центарот за јавно здравје Скопје, изјави за МИА директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Александар Стојанов, кој рече дека чекаат да добијат уште 2.000 вакцини кои сѐ уште не им ги испорачале.

Во врска со тоа кога очекуваат да ги добијат тие 2.000 вакцини, рече дека тоа зависи од дистрибутерот „Елбиор“. Овие вакцини се однесуваат само за Скопје, бидејќи се набавени преку Центарот за јавно здравје Скопје.

– Осумдесет отсто од категориите граѓани кои требаше да ги добијат бесплатно вакцините, дојдоа кај нас и ги потрошија. Причината е тоа што во „МојТермин“ оваа недела им е пополнет терминот и луѓето не сакаат да чекаат, сакаат да си платат и да завршат побрзо работа. Луѓето се исплашени и сакаат да си го заштитат здравјето. И за ризичните и неризичните групи има малку дози. Тоа го има во цел свет. Белгија за еден ден ги потроши. Минатата година 610 вакцини против грип ги фрливме, немаше кому да ги дадеме, потенцира д-р Стојанов.

Нагласи дека годинава има недостиг на маски, ракавици, на вакцини, на сѐ има недостиг и дека во цел свет е така, не само кај нас.

– Ние можевме оваа година да добиеме 4.000 вакцини. Не можевме повеќе. Тоа не зависи само од нас. Фабриките имаат ограничен капацитет, додаде д-р Стојанов.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Read more

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе