ГОЛЕМО ИСТРАЖУВАЊЕ

За здраво срце најдобро е да вежбате меѓу 8 и 11 часот наутро

Вежбањето помеѓу осум и 11 часот е поврзано со најмал ризик од срцеви заболувања и мозочен удар, покажа новото истражување на повеќе од 86.000 учесници.

Во споредба со поединците кои биле поактивни во средината на денот, оние кои биле најактивни наутро помеѓу 8 и 11 часот имале 11 до 16 отсто помал ризик од развој на коронарна срцева болест. Кај жените ризикот е намален за 22 до 24 отсто, пренесува порталот Medical News Today.

За 17 отсто помал ризик од развој на мозочен удар бил забележан кај утринските вежбачи, а кај жените овој процент бил 35 отсто. Резултатите беа објавени во European Journal of Preventive Cardiology.

„Добро е познато дека вежбањето е добро за срцето, а нашата студија покажува дека утринската активност е најкорисна за ова“, вели еден од авторите на студијата, Гали Албалак од Медицинскиот универзитетски центар во Лајден, Холандија.

„Резултатите се особено изразени кај жените, а се однесуваат и на ранобудниците и ноќните птици.“

Научниците следеле 86.000 учесници шест до осум години

Сите учесници во студијата, 86.000 од нив, биле на возраст меѓу 42 и 78 години. Просекот беше 62 години. На почетокот на студијата тие не боледувале од кардиоваскуларни болести, но во просек биле прекуемрно дебели. Нивната физичка активност била следена секој ден од февруари 2013 до 2015 година со помош на монитори на зглоб.

Научниците потоа ги следеле шест до осум години, до нивниот прв прием во болница или смрт поврзана со срцеви заболувања или мозочен удар.

Во тој период речиси 3.000 од нив развиле коронарна артериска болест, а речиси 800 од нив доживеале мозочен удар. Кај испитаниците кои биле физички активни помеѓу 8 и 11 часот наутро, забележан е најмал ризик од двете состојби, покажа студијата.

„Ова е опсервациско истражување, па не можеме да објасниме зошто врската е поизразена кај жените“, вели Албалак. „Резултатите од нашето истражување се дополнителен доказ за здравствените придобивки од физичката активност и укажуваат дека утринската активност, особено ако е доцна наутро, е најкорисна.

Лекарите препорачуваат возрасните да вежбаат умерено од 150 до 300 минути неделно, или 75 до 150 минути ако го прават тоа поенергично.

реклама

Ослиќ – како влијае на организмот најпопуларната славска риба?

Read more

5 хороскопски парови кои ќе се заљубат во 2024 година

Read more

Добитник на лото се откажа од 37 милиони евра, причината е потресна

Read more

Прашање за ракија на британскиот „Милионер“ што само мама знае да го одговори

Read more

Здравје

Ослиќ – како влијае на организмот најпопуларната славска риба?

Read more

Белиот ориз е лош за срцето кoлку и шеќерот

Read more

Дали смеете да јадете јајца ако имате висок холестерол?

Read more

Зошто повеќето жени забременуваат за време на новогодишните празници?

Read more
 

Магазин

Која храна мора да ја изедеме истиот ден кога ќе ја зготвиме или отвориме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Водителка покажа среден прст во живо

Читај повеќе

Рецепт на денот: Пита со компири и пилешко

Читај повеќе

Добитник на лото се откажа од 37 милиони евра, причината е потресна

Читај повеќе

Во кои хороскопски знаци се раѓаат најголемите манипулатори?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто жените се подобри во мултитаскинг?

Читај повеќе
15 идеи како сами да направите новогодишни украси

15 идеи како сами да направите новогодишни украси

Читај повеќе

Ослиќ – како влијае на организмот најпопуларната славска риба?

Читај повеќе

Најчестите грешки што ги правиме кога вежбаме

Читај повеќе