Заборавете на реченицата „Немам што да облечам“

Ако секое утро или пред секое вечерно излегување стоите пред плакарот од кој облеката само што не почнала сама да излегува, а во глава ви се врти само една мисла: „Немам што да облечам“, едно е сигурно, имате проблем.

А проблемот не е во вашиот вкус и стил, туку во нивото на притисок и стрес што си го создавате.

Оваа криза низ која поминувате секој ден, верувале или не, е стресна состојба за организмот, што секако дека не е добро за вашето дравје.

Причината зошто „немате што да облечете“ не е немањето облека, туку напротив. Имате премногу облека и тешко ви е да донесете одлука. Експертите тоа го нарекуваат „парадокс на изборот“ што се случува кога имаме премногу избори.

„Тоа нема врска со облеката, туку со разните животни ситуации. Имањето премногу опции може да направи да се чувствувате непријатно, односно, кога сме соочени со повеќе опции мозокот станува преоптеретен и е под стрес, па стануваме уште позагрижени, без разлика дали станува збор за избор на облека или за нешто друго“, вели психологот Џо Хемингс.

Со оглед на тоа дека современиот и брз начин на живот секојдневно ве изложува на стрес, овој дополнителен стрес не ви е потребен. Расчистете го плакарот и изберете што навистина носите, а што чувате за „некогаш кога ќе ви биде точно“, „кога ќе му се врати модата“ или парчиња од кои ви е тешко да се разделите.

Посебно кога станува збор за облека за на работа, изберете кои парчиња се соодветни и ви се удобни за носење и направете неколку комбинации за работната недела од напред, наместо да зјапате во плакарот наутро или да се нервирате дека на некое парче му треба пеглање или шиење копче.

Марк Закерберг, еден од најуспешните луѓе на светот, секој ден носи фармерки и сива маица, за да не размислува што ќе облече.

“Навистина сакам да си го ‘исчистам’ животот и да донесувам што е можно помалку одлуки што не се однесуваат на тоа како можам да придонесам повеќе за заедницата“, вели Закерберг.

Можеби не мора да го сведете стилот на пар фармерки и маичка, но можете да направите edit на плакарот, нели?

реклама

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе