Забрана за користење на социјални мрежи за деца под 14 години: Флорида воведува казни до 50.000 долари

Макфакс
/ 26.03.2024 / 20:23

Во Флорида, почнувајќи од 2025 година, ќе се воведе закон со кој на децата помлади од 14 години им се забранува користење на социјалните мрежи.

Почнувајќи од следната година, американската сојузна држава Флорида им забранува на децата помлади од 14 години да користат социјални мрежи. Дополнително, децата на возраст од 14 и 15 години ќе мора да добијат родителска согласност пред да се логираат на платформи како Instagram и Snapchat.

Законот беше потпишан од гувернерот Рон Де Сантис и бара од компаниите кои поседуваат социјални медиуми да ги избришат сметките на лица помлади од 14 години. На компаниите кои нема да го направат тоа им се закануваат тужби во име на децата, а потоа може да бидат казнети и до 50.000 долари, за секое прекршување на законот.

Како што објави Sky News, Законот треба да стапи на сила во јануари 2025 година, но се очекуваат бројни предизвици бидејќи постои можност бројни компании да тврдат дека на тој начин се прекршува американскиот Устав.

Републиканецот Пол Ренер го нарече овој предлог-закон свој главен приоритет и рече дека „дете чиј мозок сè уште се развива нема способност да разбере дека е вовлечено во технологии кои предизвикуваат зависност“.

„Компаниите ќе поднесат тужби веднаш штом ќе се потпише ова, но ние ќе ги победиме. Ќе ги победиме и никогаш, никогаш нема да престанеме“, рече Ренер.

Предлог-законот го дефинира и материјалот што е штетен за децата. Една од штетните содржини според овој закон е онаа што „нема сериозна книжевна, уметничка, политичка или научна вредност за малолетниците“, заедно со „очигледно навредливи“ прикази на сексуално однесување и непристојност.

Компаниите кои нема да го оневозможат пристапот до таков материјал или нема да одбијат помал пристап до сметката по регистрацијата, ќе мора да платат судски и адвокатски такси.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе