Забранета е посета на пациентите во штипската Клиничка болница

Штип, 26 февруари 2020 (МИА) – Лекарите и медицинскиот персонал на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница се подготвени да бидат карантин центар во случај да имаат сомнителни случаи на заболени или лица кои биле во контакт со заразени од корона вирусот, а кои евентуално би се сместиле во изолацискиот центар на ова одделение.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев, на денешната прес-конференција истакна дека како една од превентивните мерки е и тоа што од денеска во болницата е забранета посета на пациентите на сите одделенија. Тој поднел и барање за добивање маски, заштитни наочари и скафандери за персоналот, а дополнителна набавка врши и болничката аптека.

– Задолжена е болничката аптека да обезбеди доволно количини на дезинфекциони средства за подови, површини, раце. Доволни количини на инфузиони раствори и лекови и се она што ние треба да го имаме како болница, вели Ѓеорѓијев.

Тој апелираше на социјалните мрежи да не се шири паника и да се креираат лажни вести во врска со корона вирусот Covid-19, а граѓаните единствено треба да ги следат препораките на надлежните институции. Сѐ уште не е прецизирано до крај како ќе тече постапката, но некои работи, посочи, ќе се решаваат во зависност од бројот на евентуално заболени. Според него, јасно е дека ако има поголем број пациенти тоа подразбира целосно затворање на инфективното одделение за останатите пациенти и посебно возило за транспорт до Инфективната Клиника во Скопје ако се утврди присуство на вирусот.

Медицинскиот персонал вчера попладнето имал и обука, а на штипското Инфективно одделение во моментот работат тројца лекари инфектолози, но им помагаат и двајца општи лекари, додека за пациентите се грижат 11 медицински сестри.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе