Задолжителен негативен ковид тест за влез во Грција преку Промахонас од среда

Само со потврда на англиски јазик за негативен тест за COVID-19, направен 72 часа пред патувањето, од среда до 29 јули ќе биде дозволен влез во Грција преку граничниот премин Промахонас (Кулата), согласно заедничката министерска одлука објавена синоќа во Службен весник на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Туристите, ќе треба во период од 72 часа пред патувањето да имаат направено молекуларен тест (PCR) во државна или приватна лабораторија, сертифицирана од надлежната служба на земјата, а резултатот да биде негативен.

Во потврдата на англиски јазик, треба да бидат вклучени име и презиме и број на пасош или лична карта.

Одлуката потпишана од министрите за здравство и транспорт и инфраструктура, стапува во сила во среда, на 15 јули 2020 година во една минута по полноќ и ќе важи до 29 јули 2020 година во 00:01 часот и ограничувањата важат за посетителите од земјите што се на листа која грчката Влада ја објави пред помалку од две седмици, а не се однесуваат на грчките државјани.

Освен негативниот тест, од среда, за влез преку Промахонас како и за авионските патувања, туристите, потребно ќе биде и да го имаат пополнето специјалниот образец PLF (Passenger Locator Form), преку интернет страницата https://travel.gov.gr, најдоцна претходниот ден  пред патувањето, а не во период од 48 часа како што важеше претходно. 

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе