Заев: АСНОМ не се брише од Преамбулата, напротив ќе биде спомнат двапати

Во преамбулата на Уставот на Република Македонија согласно предложените нацрт амандмани АСНОМ нема да се брише, туку ќе биде двапати споменат. Ова го истакна премиерот Зоран Заев образложувајќи ги нацрт уставните амандмани кои произлегоа од Договорот во Преспа.

– АСНОМ не се брише од преамбулата, напротив АСНОМ сега ќе се споменува двапати. Со предложениот амандман со делот на АСНОМ се појансува дека се повикуваме на правните прашања што се содржани во прогласот на АСНОМ а кои се темелот на нашата државност, а не на политичките декларации донесени во тој момент во 1944 година, рече премиерот.

Наведувајќи ги деветте решенија што се набројани во прогласот, рече дека покрај правните прашања донесен е и Манифест како политичка декларација во која има делови што ги повикуваат Македонците од Бугарија и од Грција да се ослободат од поробените територии. Манифестот, потенцира, останува да биде важен политички документ од нашата историја, но во Преамбулата ќе биде појаснето дека темелите на државноста се лоцирани во правните прашања на АСНОМ, а не на политичките декларации од тој момент во 1944 година, а кои би можеле да се протолкуваат како аспирации на нашите соседи што е спротивно од градење на пријателство и желбата за зголемување на соработката.

Во преамбулата, како што е предвидено, се додаваат и зборовите Охридски рамковен договор со што, истакна премиерот, се потврдува неговата историска важност.

Тој појасни дека најважните делови од Охридскиот рамковен договор се веќе инкорпорирани во Уставот и дека врз основа на овој договор е темелно променет, и оти единствено нешто што го нема во Уставот е името Охридски рамковен договор.

Премиерот ги образложи сите предложени четири амандмани.

Оцени дека овој процес Владата го водеше транспарентно во консултативен процес со парламентарното мнозинство, вклучувајќи ја и новата пратеничка група од коалицијата „За подобра Македонија“ и со останатите пратеници со кои, како што рече, секогаш е вредно да се разговара за одредени идеи.

Пред членовите на Комисијата за уставни прашања посочи дека иницијативата за измена на Уставот согласно Договорот од Преспа нема ништо спорно и дека предложените нацрт-амандмани се во согласност со меѓународното право и меѓународните стандарди за човековите слободи и права и согласно интересите на РМ и нејзините перспективи во евроатлантските интеграции.

Тој оцени дека нацрт амандманите заслужуваат поддршка од сите пратеници во име на интеграциите на Република Македонија во ЕУ и во име на новата политичка реалност на пријателство со Република Грција.

реклама

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Фан ја тужи Мадона поради премногу експлицитен настап: Изложеност на порнографија без предупредување

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

Македонија

Деспотовски: Оние што ќе изгубат на изборот за претседател на СДСМ да се обврзат дека нема да прифаќаат функции

Read more

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Read more

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Read more

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Read more
 

Вести

Деспотовски: Оние што ќе изгубат на изборот за претседател на СДСМ да се обврзат дека нема да прифаќаат функции

Читај повеќе

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Читај повеќе

Убиство во Боговиње – убиецот ја застрелал жртвата, а по 15 минути бил фатен од полицијата

Читај повеќе

Со автомобили удрени 3 пешаци за еден ден – едниот од возачите побегнал од местото

Читај повеќе

СЗО: До 2025 година ќе склучиме глобален договор за пандемиите

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за Белата куќа

Читај повеќе

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Читај повеќе

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор

Читај повеќе

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Читај повеќе