Заев: Дијаспората е нашиот народ, важно е сите да се попишеме

Може секој да си дозволува да игра за политички причини со бројките. Не е во ред да ни треба дијаспората кога треба да нѐ гласаат, а да не ни треба кога ни дава пари, кога треба да ја попишеме, кога помага на домаќинствата. Дијаспората е нашиот народ. Денеска е надвор, утре ќе е тука. Може некој од нас утре ќе е надвор, а дијаспората ќе е тука. Тоа е нашиот народ. Ние си го попишуваме целиот наш народ без разлика дали е дома или надвор, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на Христијан Мицкоски дека дијаспората треба да се евидентира, а не да се попишува.

Заев уште еднаш апелира до граѓаните дека е важно секој да се попише.

Можни се, истакна, изолирани, поединечни случаи на технички грешки кои настанале несакајќи, при внесување на матичните броеви, но тие треба да се пријават за веднаш да се отстранат и попишувањето да продолжи непречено.

– На крајот тоа се корегира. Имаме и доволно време, но важно е граѓаните да го пријават ваквиот случај. Може да пријават директно во Државниот завод за статистика каде пописните одбори ќе го согледаат проблемот и ќе го отстранат за да може секој да се попише. Навистина е важно секој да се попише, дали живее дома или надвор од државата. Се работи за операција која е емпириска, но и техничка истовремено. Може да се случат одредени технички грешки, но ако ги пријавиме тие се отстрануваат и се решаваат. Апелирам до граѓаните за ваков или за друг сличен проблем веднаш да пријават во Заводот за статистика за да биде отстранет и за да си го исполнат своето граѓанско право и обврска – да се попишат, изјави премиерот по пуштањето во употреба на модуларната болница во Прилеп.

Тој уште еднаш подвлече дека за државата се исто важни и граѓаните кои се дома, но и оние што живеат надвор.

– Затоа, сѐ што се прави со пописот кој ќе биде од 5 до 30 септември е попишување на сите наши граѓани, резидентни и нерезидентни, граѓани кои живеат овде, во земјава, или граѓани кои се отселиле и живеат повеќе од една година надвор од државата, рече Заев.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Македонија

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе