Заев го објави договорот со Бугарија

Владата го објави договорот што ќе биде потпишан на први август меѓу премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, и бугарскиот премиер, Бојко Борисов. Со договорот, меѓу другото, Бугарија се обврзува дека нема да ѝ стави вето на Македонија за влез во ЕУ и НАТО.
 
 
Во членовите што беа третирани како контроверзии во јавноста стои дека ќе се формира заедничка мултидисциплинарна комисија за историја и за образовни прашања, која ќе даде толкување на историските настани засновано на историски извори. Таа ќе поднесува извештај еднаш годишно пред владите на двете земји.
 
Со согласност на двете страни ќе се организираат чествувања на историски настани и личности. Ниту една од страните нема да поттикнува и поддржува дејства насочени против другата земја што имаат непријателски карактер и нема да пројавуваат територијални претензии една кон друга. Во договорот исто така стои правото двете страни да ги застапуваат интересите на своите државјани во другата земја, со потврда од Македонија дека ништо во нејзиниот Устав не треба да се толкува како мешање во внатрешните работи во Бугарија, со цел да го заштити статусот на лицата што не се државјани на Македонија, што всушност се однесува на нашето малцинство во таа земја.
 
Двете земји ќе формираат меѓувладина комисија која еднаш годишно ќе организира средби, со напомена дека договорот што се потпишува може да биде изменет и дури и да биде  целосно повлечен ако една од земјите го побара тоа.
 
Договорот ќе биде потпишан на официјалниот македонски јазик, во согласност со Уставот на РМ, а во уводниот дел индиректно се признава македонскиот народ од страна на Софија. Имено, во него стои:  „Имајќи ја во предвид заедничката историја, која ги поврзува двете држави и нивните народи…„
реклама

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе