Заев: Крајот на септември, почетокот на октомври референдум за името

Скопје, 11 јуни 2018 (МИА) - Кон крајот на септември, почетокот на октомври може да се одржи референдум за името, најави вечерва премиерот Зоран Заев.

Според него, тој термин е соодветен за да се завршат сите процеси до крајот на годината. 

- Во мај, 2019 се избори во ЕУ. Во вакви околности не би оставил 2019 да биде година на договор, истакна Заев.

Враќање на фрустрациите, радикализмот, квазипатриотизмот, нациоанализмот, се последиците од евентуалното отфрлање на договорот со Грција на референдумот што ќе се одржи во Македонија, рече премиерот Зоран Заев во вечерашната дебата на „Топ тема“.

- Сето тоа не ни треба. Ние градиме граѓанско, мултиетничко општество. Македонија има перспектива „запишана во катастар со имотен лист“ како секоја нормална земја, перспектива како членка на НАТО, на ЕУ. Тоа ќе биде поттик и за реформите и за унапредување на животот на граѓаните. Не сакам и да помислам што ќе се случи ако не успее. Мора да гледаме напред и убеден сум дека оваа шанса нема да ја испуштиме како граѓани на Македонија. Оваа исторска шанса  обезбедува само добри перспективи за Македонија, го зајакнува идентитетот, не прави фактор да седиме заедно со сите земји, а тоа се големи работи. Верувам дека граѓаните ќе го сфатат тоа, рече Заев.

Тој не стравува од незадоволство по објавувањето на договорот.

- Граѓаните ќе ги имаат на увид сите аргументи, сите фактори ќе го кажат својот став. Но, можно е се, може да заврши мојата политичка кариера. Носам одлуки, ќе го соопштам мојот став и ќе чекорам согласно договореното, а потоа следува референдум. Веројатно влегувам во една магла како политичар, а заедно со мене и оваа Влада и ова мнозинство. Од маглата можеме да излеземе длабоко во морето и да се удавиме политички, но може да излеземе и на некоја зелена полјана. Тоа се опциите за мене, за Владата, за мнозинството. Македонија ќе излезе на автопат, ќе чекори напред и само тоа е важно, изјави Заев.

Прашан дали има гаранции од Грција и меѓунардната заедница дека договореното ќе се спроведе, Заев рече дека тоа е предвидено во договорот. Но, ако нешто се случи и не се спроведе, застанува се и може да се врати назад, но не размислуваме во тој правец. Од Грција очекуваме помош и поддршка, како што сега е примерот со Бугарија. Очекуваме со Грција да станеме стратешки партнер, рече Заев.

За евентуалните предвремени избори заедно со референдунот, премиерот истакна дека тоа не го планира, но, како што наведе, ќе зависи и од многу други фактори. Заев се залага изборите да одржат во редовниот термин, а предвремени избори, според него, би биле изгубено време за Македонија.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе