Мандатарот за составување на новата влада и претседател на СДСМ Зоран Заев денеска ќе присуствува на неформална вечера на премиерите на шест балкански држави што во Брисел ја организира високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Федерика Могерини.
На оваа вечера ќе присуствуваат и премиерите на Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.
Како што пренесе Радио Слободна Европа, целта на вечерата е да се разговара за состојбата во регионот во врска со последните случувања, како и да се погледне „како сите заедно може да се движат напред“.