Заев: Очекувам лидерска средба на 31-ви август и избори во декември

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со словачкиот амбасадор Мартин Безак, со кого разговараа околу актуелната политичка ситуација во земјата и текот на реализацијата на преземените обврски за регуларни избори на Македонија беа главна тема на состанокот.

„Очекувам секој да биде на ниво на сериозноста, на 31-ви август да се одржи лидерската средба на којашто ќе утврдиме дека во декември ќе се одржат следните предвремени парламентарни избори во Македонија“, рече Заев.

Заев соопшти дека СДСМ е категорично определена граѓаните на следните избори слободно да изберат на кого ќе ја дадат одговорноста да ја води државата и оцени дека според расположението на терен и анкетите тоа ќе бидат Социјалдемократскиот сојуз и опозицијата.

„СДСМ е постојано на терен, ги знаеме сите проблеми во државата и имаме конкретни, реални и одржливи мерки како да обезбедиме добар животот за луѓето и перспектива на државата. Со голем дел од нив граѓаните веќе се запознаени и даваат  безрезервна поддршка на промените што ќе се случат“, додаде Заев.

Амбасадорот Безак, како претставник на земјата којашто сега претседава со Европската унија изрази надеж за демократски избори во Македонија што ќе донесат демократски прогрес на државата кон ЕУ, додаваат од СДСМ.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе