Заев: Одговорност ќе има, но исклучиво заради аргументите на основа на вештачењето

Скопје, 23 септември 2021 (МИА) – Мене ми се потребни влезните информации од извештајот, за да можам мирно да спијам и слободно да ја донесам и оправдам одлуката, без разлика дали е оставка и прифаќање или, пак, неприфаќање, изјави премиерот Зоран Заев, во однос на  одлуките за оставките на првите луѓе во здравството по пожарот во тетовската модуларна болница.

Заев, во вечерашното гостување на Телевизија 24, посочи дека чека на тоа што ќе се потврди со, како што кажа, „професионалното, целосно независно вештачење“.

– Штом ќе се соопштат причините за пожарот, сите детали неопходни, тогаш јас ќе можам да изградам свој став по основ на овие, според мене, високо етични морални чекори кои што се направија од страна на министерот, заменик-министерот, директорот, и економскиот директор таму, изјави премиерот.

Тој потенцираше дека одговорност секако ќе има, но исклучиво заради причините и аргументите кои што ќе бидат на основа на вештачењето.

– Не би бил чесен ако кажам дека не сум задоволен од Филипче и заменикот Илир Хасани. Задоволен сум. Тоа го кажуваат граѓаните на сите истражувања и анкети. Зошто, заради начинот на однесувањето за време на пандемијата, начинот како се справуваше со сите одговори, прашања, транспарентноста, стабилноста, работењето со експертите, со сè. Втора работа, како кај секој човек, и кај мене, пандемијата трае, бројките се на едно плато и не се спуштаат, уште траат, горе се и треба и со тоа да се управува. Тука е одговорноста, ќе учите некој следните шест месеци, која е цената што ја плаќате со тоа, а притоа не знаете, има ли вина човекот, и заменикот, и директорите, зборувам за сите, потенцираше Заев.

Премиерот изјави дека тој не е човек кој што така лесно се откажува од добрите луѓе кои што ѝ служат добро на државата.

– Дали има некаде пропусти, дали има невнимание, многу често, етичкиот дел се дава од тоа да се испрати пораката за да следните, не само министер за здравство, и други, внимаваат на процедурите, на принципите, на сè. Тоа е односот кој што сакаме да го воочиме, и од тука, како секој човек, сакам да донесам свој став и свој заклучок, посочи Заев.

Во однос на прашањето дали може да се спореди со оставката на Миле Јанакиески, поради несреќата на бугарските туристи на Охридското езеро, која Груевски, своевремено не ја прифати, Заев изјави дека се работи за различни околности, времиња и луѓе, но, и покрај тоа, смета дека Миле Јанакиески, не бил виновен за несреќата бидејќи, како што кажа не ги знаел околностите за истата и не е фер да обвинува.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе