Заев: Утврдивме опција што може да биде прифатлива за двете страни

Софија, 17 мај 2018 (МИА) - Македонија и Грција имаат опција која  и за двете страни може да биде прифатлива, истакна македонскиот  премиер Зоран Заев  на прес конференција во Софија, по средбата со својот грчки колега Алексис Ципрас. Заев оцени дека денеска со Ципрас имале суштествена средба на која го потврдиле тоа што претходно го договориле шефовите на дипломатиите на двете земји.

-Важно беше да ги потврдиме сите успеси, разговаравме суштествено и разгледавме неколку опции, рече Заев.

Една од опциите е решение прифатливо за двете страни.

-По сето тоа што досега беше постигнато како премиери констатиравме и потврдиме дека стоиме зад сето тоа. И добро е што е завршено. Тоа што беше останато опциски го отворивме, преку неколку опции,  и утврдивме една опција која може да биде прифатлива за двете страни, рече Заев на прес конференцијата.

Притоа тој додаде дека двете страни мора да внимаваат како тоа што е договорено, потоа инститиуционално ќе се спроведе.

-Мора да разговараме со претседателите на двете држави, со другите лидери, со шефовите на опозицајата, така што остануваме да ги разработиме и другите детали, рече премиерот .

На прашање дали може да дојде до одложување на решението за името, Заев кусо возврати- „Не дај боже“, но веднаш и додаде дека е меѓу двете страни е развиено неповратно пријателство, кое и во иднина ќе се развива.

-Би било убаво решението што двете страни би сакале да биде прифатливо, да се постигне уште сега, бидејќи на крајот на јуни имаме европски Совет, а тоа би било дополнително охрабрување за европскиот Совет.

Доколку не е возможно, кажа премиерот, ние продолжуваме во барањето решение, се додека не се договориме.

реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе