Заев: Во новата Влада нема проблеми или предизвици од етнички карактер

Скопје, 31 август 2020 (МИА) – Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека во новата Влада нема проблеми или предизвици од етнички карактер. Апелираше да продолжи еднаквоста на застапеноста на сите заради тоа што, како што рече, само така ќе бидеме еднакви граѓани во едно општество во кое живееме.

По средбата со претставници на четирите стопански комори, Заев најави дека Владата во распределбата на своите капитални инвестиции, во новите инвестици, домашни или странски, ако има одредени региони во државата треба дополнително да ги мотивира инвестициите, со свои алатки и мерки да отворат таму фабрики и слично. Заев се согласи со претседателитете на коморите дека има работници и неработници, добри работници и помалку добри работници и смета дека така треба да се движиме.

-Верувам дека ќе успееме на тој начин да решиме веројатно еден од најголемите проблеми, како предизвик што излегува пред нашето стопанство, а тоа е недостатокот на квалификувана работна сила. Токму преку образованието, преку Агенцијата за вработување, МТСП и развојот на мерките верувам дека ќе определиме доквалификација, дообука и слично и преку дуалното образование, преку она што значи модерно образование согласно потребите на пазарот на трудот, сѐ повеќе и повеќе ќе излегуваме во пресрет на отстранување на оваа проблематика со недоволно квалификувана работна сила, рече Заев.

Заев посочи дека претстои период на рационализација на администарцијата и додаде дека имаат соработка со стопанските комори со конечна цел голем дел ресурси да одат во капитални инвестиции, со тоа да ја поддржиме економијата, а еден дел од администрацијата да биде преземена. Секако, доколку е способна и се согласи да работи во приватниот сектор. Заев рече дека се подготвени длабински да разговраат со компаниите и со коморите за овие прашања, да испорачаат серизони пакети за реализација на ваквите намери.

Одговарајќи на новинарско прашање претседателот на СКСЗМ Неби Хоџа рече дека како стопански комори своите барања веќе ги имаат во своите платформи.

– Нашите барања веќе се разработуваат и се прилагодуваат во новата фаза со новата Влада. Таа соработка ќе продолжи. Ребалансот е многу битен, да има приоритет, значи капитални инвестици кои ќе овозможат и економски раст во иднина, рече Хоџа.

Прашан дали за нив е прифатлива етничката застапеност во приватниот сектор, Хоџа рече дека оваа Влада и сите влади треба да бидат насочени во професионални и ефикасни кадри кои ќе придонесат во економскиот раст.

– Нормално, етникумите треба да се запазат. Но, кога е во прашање економскиот раст и просперитет, треба да бидат луѓе кои ќе бидат експерти од тие области за да можеме сите заеднички да се движиме напред, рече Хоџа.  

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе