Зајак како домашен миленик: Што треба да знаете за да му пружите удобен дом?

Пред да одлучите да вдомите зајак, мора да знаете дека овие крзнени миленичиња можат да живеат и до 10 години. Препорачливо е да се тестирате себеси и останатите во вашиот дом дали сте алергични на влакна од зајаци, сено и прашина, за да нема непријатни изненадувања.

Првото правило кога чувате зајаци е дека не треба да ги чувате сами. Како и нивните роднини заморчињата, зајаците не треба да живеат само со луѓе. Им треба уште еден зајак за да не умрат од тага.

Зајаците се многу живи миленичиња, па им треба простор од најмалку два квадратни метри по животно, а треба да внимавате и на висината на куќиштето, бидејќи сакаат да скокаат. Исто така, многу од нив не сакаат затворени простори, па затоа е подобро да ги пуштите слободно да се движат низ домот. Дефинитивно се препорачува да не ги оставате без надзор, бидејќи можат да уништат многу работи.

Зајаците не се секогаш научени да вршат нужда на едно место, па можат да ги извалкаат просториите каде што ги пуштате. Покрај потребата од нужда, можат да остават остатоци од земја и сено. Во лето, кога температурите се високи, мора редовно да го одржувате домот, бидејќи се чувствува силен мирис на нивната урина.

Кога станува збор за исхраната на зајаците, тие можат да бидат многу пребирливи. Не ги сакаат сите видови сено и мора да ги храните неколку пати на ден. Бараат повеќе порции свеж зеленчук и сено во неограничени количини.

Овие крзнени миленичиња не се секогаш среќни и разиграни. Иако изгледаат како да сакаат гушкање, не сакаат секогаш да се галат. Некои зајаци знаат да гризат или да ги гребат луѓето во близина ако нешто не им се допаѓа.

Исто така, тие можат да бидат активни ноќе. Кога им е страв или досадно, тогаш знаат да клоцаат со задните шепи. Ако се затворени и им е досадни, ги гризат решетките, расфрлаат садови со храна и скокаат низ покуќнината, па не е лошо да размислите дали ќе бидат добри миленици ако имате деца.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе