Законот за ЈО влегува во собраниска процедура, во вторник на јавна расправа

Законот за јавно обвинителство неделава влегува во собраниска процедура, а по неуспешната средба на партиските работни групи во петокот, нов обид за приближување на ставовите ќе биде јавната расправа што во вторник ќе ја организира парламентарната Комисија за политички систем.

Премиерот Оливер Спасовски вчера најави дека законот за јавно обвинителство ќе биде доставен во Собранието многу скоро, и ги повика политичките партии да го поддржат.

-Посебно сакам да ги повикам пратениците од парламентарната опозиција, од најголемата опозициска патија да се престанат со партиски калкулации, со политиканство, со ставање на своите политички, лични интереси пред интересите на државата и конечно да се вградат во еден закон што ќе значи гарантирано зголемување на правдата, гарантирано зголемување на судството, на јавното обвинителство, од една страна и второ да помогнат барем еднаш сега да ги оствариме нашите интереси во делот на законот за јавно обвинителство и добивањето датум за почеток на преговорите, рече Спасовски.

Иако тоа не е услов за добивање датум за преговори со ЕУ, Спасовси смета дека усвојувањето на законот би бил дополнителен позитивен момент за евроинтеграцијата, но и за тоа еднаш засекогаш, политиката да ги тргне рацете од судството и обвинителството и да се гарантира правдата за сите.

И доскорешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, вели дека веќе нема време за чекање и законот мора да се изгласа најдоцна до 11 февруари, пред распуштањето на Собранието и распишувањето на предвремените парламентарни избори. Очекува законот во вторник да влезе во собраниска процедура и да добие двотретинска поддршка од пратениците, вклучително и од опозицијата, независната пратеничка група и албанските партии.

Нова можност за приближување на позициите ќе биде јавната расправа во вторник. Покрај политичките претставници, ќе учествуваат и домашни и странски експерти, како и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, на што инсистира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Токму неговото неприсуство беше причина претставниците на ВМРО-ДПМНЕ да ја напуштат средбата на партиските работни групи со министерката за правда Рената Дескоска во Собранието.

Дескоска, пак, ги обвини дека бегаат од разговорите и изрази надеж дека ќе дојдат на најавената јавна расправа.

Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека ќе учествуваат на јавната расправа. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изјави дека се сериозни во намерата да се донесе законот за јавно обвинителство, ако Владата односно предлагачот, ги прифати забелешките на опозицијата.

– Ако постои реална желба од страна на Владата да се прифатат забелешките на опозицијата кои се аргументирани фактички тогаш зошто да не го донесеме тој закон. Но, доколку не постои таа желба тогаш тоа е тоа, истакна Мицкоски, додавајќи оти сакаат да се донесе добар закон, не само на хартија, туку да да се имплементира во пракса.

СДСМ, пак, ги обвини дека со противењето ја држат земјата во заложништво и им укажуваат дека токму овој закон ќе го подобри системот на борба против криминалот и корупцијата и ќе ја гарантира евроатланската интеграција на државата. На ВМРО-ДПМНЕ и порачаа дека има уште една, последна шанса во вторник, кога започнува јавната собраниска дебата за законот, да покаже дека навистина се грижи за владеење на правото, за стручни, ефикасни и независни обвинители и за процесуирање на сите кривични дела поврзани со висока корупција, тоа што практично и е неопходно на државата на патот кон ЕУ.

Од ВМРО-ДПМНЕ им одговорија дека тие не го одолговлекуваат и немаат намера да го одолговлекуваат законот за обвинителството, доколку се донесе и се усогласи да биде во корист на граѓаните и да биде за нивен добробит. На власта и забележуваат дека со законот сака повторно да го воскресне СЈО и да ги заштити криминалците од своите редови. Тврдат дека се залагаат за закон кој ќе биде неселективен и пред кој ќе можат да одговараат сите граѓани, а не за некој да биде привилегија, а за некој обратното.

По серијата неуспешни обиди за договор меѓу влста и опозицијата, прашањето за законот за ЈО повторно се актуелизира по неодамнешната посета на еврокомесарот Оливер Вархеи на Скопје, кој порача дека би било добро сегашниот парламентарен состав пред распуштањето да го донесе законот, што би било добар знак упатен до земјите-членки на ЕУ во контекст на очекуваната одлука за отворање на преговорите за членство на земјава во Унијата.

И амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во земјава на минатонеделната средба со премиерот Оливер Спасовски истакнаа дека носењето на законот за јавно обвинителство, иако не е услов за евроинтеграциите, ќе биде добра порака за определеноста на сите политички субјекти во земјава за дијалог и владеење на правото. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе