Запленети автомобили вредни 22 милиони евра, парите за народот

Аукциска куќа во Швајцарија продаде 25 луксузни возила, вклучувајќи модели на Ferrari, Rolls-Royce и Lamborghini, што властите во Женева ги запленија од синот на претседателот на Екваторска Гвинеја, како дел од истрагата за перење пари.

Ѕвезда на аукцијата на која беа собрани речиси 22 милиони евра беше ултрареткиот Lamborghini Veneo што се продаде за 7,6 милиони евра, што е светски рекорд, соопшти швајцарскиот огранок на британската аукциска куќа Bonhams, додавајќи дека произведени се само девет примероци од овој модел.

Швајцарските власти објавија дека парите собрани на аукцијата ќе бидат донирани во хуманитарна организација за помош на народот на Екваторска Гвинеја, земја во централна Африка што излегува на Атлантскиот Океан, богата со нафта, но една од најкорумпираните земји на светот според податоците на Transparency International.

Аукцијата следеше откако Обвинителството во Женева во февруари објави дека го заклучила случајот за Теодоро Нгуема Обијанг Мангуе, син на долгогодишниот претседател на земјата Теодоро Обијанг Нгуема Мбасого, и уште две други лица, по истрага за перење пари и проневера на јавни средства.

Синот на претседателот на Република Екваторска Гвинеја, кој исто така е потпретседател на земјата, имал правни проблеми и на други места. Во 2017 година суд во Париз го осуди за проневера на милиони долари државни пари, но тој случај е во жалбена постапка.

Во последната истрага беа вклучени властите во САД, Франција, Монако, Данска, Холандија, Кајмански Острови и Маршалски Острови.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе