Започна новата наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија

Денес официјално започна новата, голема наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија, под наслов „Полни гориво на ЛУКОИЛ и добиј Seat Leon”.

Наградната игра ќе трае од 1 октомври до 14 декември 2018 година, а како и во досегашните наградни игри на ЛУКОИЛ, условите и начинот на учество се многу едноставни, а наградите се навистина вредни.

Сѐ што треба да направите е да наполните гориво во износ над 1.000 денари во било која од бензинските станици на ЛУКОИЛ во нашата држава, и да го испратите бројот од фискалната сметка на телефонскиот број 149 499, а извлекувањата на добитниците ќе се вршат на секои две недели.

Најсреќниот добитник ќе ја има можноста да добие нов автомобил Seat Leon 1.6 TDI 90 KC, а покрај главната награда верните потрошувачи ќе бидат наградени и со таблети Samsung, масла ЛУКОИЛ Генесис C3 5W-40 SN/CF 4 /1 и Лукс 10W-40, SL/CF 4/ 1, 50 комплети за автокозметика Сонакс и 50 ваучери за гориво во износ од 1.000 денари.

„Традиционално продолжуваме и понатаму да ги изненадуваме и даруваме нашите корисници преку нова наградна игра. Нашето мото е „секогаш задоволни потрошувачи“, но нивната лојалност кон нас вреди многу и затоа се трудиме секогаш тие да добијат нешто повеќе од очекуваното. Полнењето гориво не мора да е рутина, нашата идеја е секој кој ќе застане на бензинските станици на ЛУКОИЛ да може во пријатна атмосфера да го испие своето кафе, да добие интернет врска и во пријатна атмосфера со помош на нашите вработени да го подготви автомобилот за пат. Од 1 октомври сите потрошувачи стануваат потенцијални добитници на вредни награди, а најсреќниот ќе го има задоволството да се вози во новиот Seat Leon. Им посакувам на сите среќа и ја прогласувам наградната игра за започната!“, изјави Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

Извлекувањата ќе се вршат во 5 кола,  а првите добитници ќе бидат извлечени на 15.10. Понатаму датумите кои треба да ги запомните се  29.10, 12.11, 26.11, и главното извлекување кога ќе биде доделен автомобилот е на 14.12.2018 година.

Сите заинтересирани можат да најдат повеќе информации за наградната игра на веб страниците www.lukoil.com.mk и на микросајтот на наградната игра- www.lukoiltenagraduva.mk. По овој повод, отворена е и телефонска линија за поддршка на прашањата во врска со наградната игра преку инфолинијата (02) 3 2017 667 која функционира секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот.

*Промотивен текст

реклама

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе