„Затвореникот“ Левандовски жестоко го нападна Баерн: Нешто умре во мене

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски повтори дека сака да го напушти Баерн, предупредувајќи дека Баварците не треба да го спречат во тоа.

Тој нагласи дека се чувствува како затвореник во германскиот клуб.

Левандовски во неодамнешното интервју изјави дека повеќе нема да игра за Баерн и дека е сигурен дека клубот ќе го пушти во тој поглед, сметајќи на Барселона да го плати бидејќи е обврзан со договор до 2023 година.

Сепак, Баварците не се откажуваат од своите намери и не сакаат да го пуштат туку-така, па јасно е дека нè очекува турбулентно лето кога е трансферот на Левандовски во прашање.

„Мојата намера е да го напуштам Баерн, тоа е сигурно. Лојалноста и почитта се поважни од работата, но и онака не сакаат да ме слушаат. Отсекогаш сум му бил на располагање на клубот и мислам дека е најдобро да се најде решение кое одговара на секого. Не може да донесете еднонасочна одлука“, изјави полскиот напаѓач и додаде:

„Нешто умре во мене, сакам да си одам за да доживеам повеќе емоции. Кој би сакал сега да оди во Баерн, знаејќи што ми прават?“, додаде Левандовски, кој се смета себеси за затвореник на клубот.

Договорот на Левандовски со Баерн трае до јуни следната година, а најголем интерес за неговиот потпис покажа Барселона, каде што Полјакот е подготвен да замине. Германскиот шампион претходно најави дека Левандовски може да замине во Барселона, но само за 50 милиони евра, но можно е на крајот да побараат и помала сума.

реклама

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе