Затворските полицајци по одмори и со боледувања, добиваат закани

Низа боледувања и земени одмори има од затворската полиција во затворот „Идризово“, потврдува директорот Зоран Јовановски во интервју за „Макфакс“.

Ова се случува во период кога интензивно беа палени автомобили, а добивале и закани по живот. Околу 15 проценти од затворската полиција во моментов има извадено боледување, а Јовановски посочува дека „штом матичен доктор дал боледување, тогаш се болни“. Тој открива дали затворската полиција отвора боледувања оти се плашат од закани.

„Имаме соработка со МВР, работиме на расчистување на случаите на палењето, закани има и ќе има од страна на затворениците, да биле чесни и поштени луѓе немало да завршат позади решетките“, посочува Јовановски.

Прашан дали се точни информациите дека полицајците добиваат закани и по нивните семејства, тој додава: „Исказите на вработените го потврдуваат тоа дека им се заканувале и дека резултатот на заканите е палењето на возилата“.

„Има такви случаиви што даваат отказ, меѓутоа со зголемување на бројот на затворска полиција би се сузбило тоа заканување“, додава Јовановски.

Јовановски посочува дека присуството на недозволени телефони во затворот, овозможува затворениците да пристапат до социјалните мрежи.

„На социјалните мрежи нашите вработени имаат фотографии од сопруги, деца, така што многу лесно затворениците да го симнат тој профил и да детектираат и која му е сопруга, кои му се деца“, додава Јовановски.

Повеќе за состојбата во „Идризово“ и како 12 години вработените немаат униформи, одговара директорот Јовановски.

Remote video URL
Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе