Заврши Патувачкото кино на 11. Македокс во Скопскиот регион

Патувачкото кино на 11. Македокс годинава се одвиваше во Скопскиот регион. Патешествието на магаренцето натоварено со документарни и анимирани филмови се одржа од 8 до 12 октомври, притоа посетувајќи ги населените места Драчево, Радишани (ОУ „Ацо Шопов“), Волково (СРЦ „Бранители“), Горна Матка и Булачани (ОУ „Наум Охридски“).

– Екипата на Македокс беше пријатно изненадена од интересот, љубопитноста и гостопримливоста на граѓаните, но и нивното учество во дополнителните активности на Патувачкото кино, што придонесе за успешна мисија исполнета со магија под ѕвезденото небо. Програмата за млади содржеше анимирани филмови, додека за повозрасната публика беа прикажани долгометражни документарни филмови од програмата на фестивалот Македокс. На проекцијата во Горна Матка беше прикажан победничкиот филм „Еверест – потешкиот пат“ на Фестивалот на планински филм „Ехо“, се вели во соопштението од Здружението за промоција на документаристика Македокс.

Паралелно со проекциите во Радишани се одржа сесија со новата генерација Докуникулци на Македокс, а беше изведена и еко-акција за чистење на игралиштето, каде се одржа проекцијата. Во Горна Матка се одржа креативна работилница за деца и работилница за јога.

Во Булачани имаше работилница на која децата учеа како да жонглираат, а проекцијата се одржа во услови со дожд, но тоа не беше проблем посетителите да претрчаат до своите домови да си земат чадори за да можат да го догледаат филмот до крај.

Патувачкото кино на Македокс се одржа со почитување на протоколите за одржување културни настани на отворен простор.

Патувачкото кино на Македокс 2020 е поддржано од Град Скопје. 

Фото: Сашо Н. Алушевски

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе