Зебра која побегнала од зоолошката градина во јужнокорејската престолнина со часови лутала низ улиците на овој град, пред да биде фатена и вратена во својот дом.

Зебрата по име Серо, што значи на корејски „вертикално“, побегнала во четвртокот попладне, а полицијата, пожарникарите и вработените во зоолошката заедно работеле за да ја фатат. На снимката објавена на интернет се гледа како зебрата трча покрај возилата на прометните улици, а исто така бара храна во корпите за отпадоци.
Станува збор за млада зебра родена 2021 година, која побегнала откако уништила дрвена ограда. Кога била пронајдена, зебрата била успиена, а потоа со камион била пренесена во зоолошката градина. После тоа, извршен ѝ бил ветеринарен преглед и констатирано дека е во стабилна состојба.
Зоолошката градина во Сеул е дом на повеќе од 400 животни и 38 животински видови, вклучувајќи корејски кучиња, мајмуни и магариња.