Земјотрес од 5,3 степени по Рихтер ја погоди Црна Гора

Во раните утрински часови, во 4 часот и 6 минути, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, соопшти Црногорскиот завод за хидрометеорологија и сеизмологија.

Оттаму изјавија дека ова одговара на епицентрален интензитет од степен VII на Меркалиевата скала. Земјотресот бил почувствуван и низ цела Хрватска и Босна и Херцеговина.

Според првите информации, епицентарот бил веднаш до границата на Црна Гора и БиХ, недалеку од Гак, на 28 километри од Никшиќ. Сеизмолошката служба на Хрватска соопшти дека нивните сеизмографи забележале силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала на 56 километри североисточно од Дубровник.

Сеизмолог: Епицентарот е во ненаселено место

Проценетата длабочина на земјотресот е околу 14 километри. Засега нема информации за повредени или за материјална штета.

Црногорскиот институт за хидрометеорологија и сеизмологија наведува дека земјотресот можел да предизвика материјална штета во подрачјето на епицентарот.

Црногорскиот сеизмолог Срѓан Цековиќ за РТЦГ потврди дека имале многу повици од граѓани кои биле вознемирени. Тој додаде дека е добро што епицентарот е во ненаселено место.

„Најсилно се почувствува околу Билеќа со интензитет од шест степени“, нагласи тој.

Недолго по првиот потрес, во 4 часот и 14 минути се случи нов земјотрес со малку послаб интензитет од 3,1 степени според Рихтеровата скала, но овој пат на босанската страна на границата. Во 4 часот и 30 минути следеше уште еден земјотрес со ист интензитет на територијата на Црна Гора.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Регион

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе