Земјотрес од 5,7 степени според Рихтер ја погоди БиХ, почувствуван и во земјава

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала, кој ноќеска ја погоди Босна и Херцеговина, беше почувствуван и во земјава, поточно во Скопје, Гостивар и Тетово.

Како што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје земјотресот се случил синоќа во 23 часот и 7 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.7. Бил почувствуван од граѓаните во Скопје, Гостивар, Тетово и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа на 22.04.2022 година регистрираше земјотрес 296 km северозападно од Скопје, кој потекнува од територијата на Република Босна и Херцеговина, 42 километри југоисточно од градот Мостар, се наведува во соопштението на Сеизмолошката опсерваторија, објавено кусо пред полноќ.

Земјотресот со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала е почуствуван во поголемиот дел на Босна и Херцеговина и Далмација, се наведува во првичниот извештај на Евромедитеранскиот сеизмолошки цент.

Епицентарот на земјотресот бил на 15 километри источно од Столац, во источниот дел на Херцеговина, на длабочина од 5 километри, се наведува во извештајот, јавува HINA.

Земјотресот, според податоците на ЕМСЦ, е почувствуван и во Северна Македонија, Албанија, Косово, Италија и Словенија.

ЕМСЦ предупредува дека се можни вторични потреси во наредните часови или денови.

– Освен доколку е неопходно држете се подалеку од оштетените подрачја заради ваша безбедност. Бидете внимателни и следете ги информациите на државните власти, се наведува во предупредувањето на ЕМСЦ.

реклама

Регион

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Read more

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Read more

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе