Зголемен број на новозаразени во Хрватска и Австрија

Хрватска и Австрија бележат зголемен број на луѓе заразени со новиот коронавирус откако претходно состојба се стабилизираше.

Бројот на заразени со коронавирусот во Хрватска расте во последните четири дена, а денеска има 17 новозаразени. Хрватскиот портал Index потсетува дека во четвртокот имало 11, во петокот 12, а вчера 18 нови случаи на коронавирусот.

Националниот штаб за цивилна заштита најави дека денеска ќе одржи прес-конференција, по подолго време, по повод зголемувањето на бројот на заразени лица.

Во меѓувреме, министерот за здравство, Вили Берош на својот Twitter профил објави дека „ситуацијата е под контрола, но ништо не е поважно од здравјето на нацијата“.

Во последните 24 часа во Австрија се регистрирани 18 нови случаи на заразени со коронавирусот, а за првпат во последните неколку недели, во Виена нема нови случаи. Повеќето од новите случаи, 7, се регистрирани во Долна Австрија.

Во текот на изминатите 24 часа, бројот на смртни случаи се зголеми за два на вкупно 690 починати лица.

Вкупно, од почетокот на епидемијата на крајот на февруари, со коронавирусот се заразиле 17.248 австриски државјани, а излекувани се 16.119.

Во однос на тестирањето, во последните 24 часа биле тестирани само 2.376 луѓе, што е за над 3.700 помалку од претходниот ден.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Регион

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе