Зголемениот број на заболени го врати полицискиот час

По зголемениот број новодијагностицирани случаи со COVID-19 во земјава и за ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот, Владата донесе одлука да се воведе целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје, во сите сите скопски општини и во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Забраната на движењето почнува вечер, од 21 часот и ќе важи сè до понеделник, до 05:00 часот.

Во сите останати градови се забранува движење на сите граѓани од вечер, од 21:00 часот до наредниот ден, до 05:00 часот наутро. Вo петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро. Петок е прогласен за неработен ден за сите граѓани. Владата ја донесе оваа одлука на вчерашната 60-та седница, согласно препораките на Комисијата за заразни болести.

Од вечер, од 21:00 часот до понеделник, до 05:00 часот, се забранува посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен за погреби.

Отстапките од овие забрани се однесуваат за земјоделските активности, поради што е дозволено движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби. Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Остануваат да важат сите издадени дозволи за движење за време на претходните забрани за движење кои беа воведени, особено за економските оператори и за работа организирана во смени. Прошетката на милениците ќе биде во веќе востановените термини во периодите 08:00 до 8:30, 15:00 до 15.30 и 20:00 до 20:30 часот. Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека групирањата, непочитувањето на мерките и неказнувањето се причина за раст на заболените и враќање на полицискиот час.

-Овој нов бран е директна последица на непочитување на јасно пропишаните мерки, но и задоцнета или слаба активност за казнување од страна на наделжното министерство. Се надевам дека конечно и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да замине додека сите не прифатиме дека претставува закана за секој кој не ги почитува мерките за заштита. И после одржани речиси 100 прес-конферении и илјадници пати повторени апели и пораки еден дел од граѓаните сè уште одбиваат да ја прифатат реалноста, да прифатат дека одговорноста е на секој поединец, рече Филипче на синоќешната прес-конференција.

Повторното воведување на рестриктивните мерки следува по зголемениот број новодијагностицирани случаи со COVID-19 во земјава во изминатите денови. Само вчера беа регистрирани 101 случај со COVID-19, од кои најголемиот дел се од Скопје – 59. Заразени има и во Куманово-12, Штип-седум, Струга – шест, Тетово – пет, во Гостивар и Кочани има по три случаи, Пробиштип – два, а по еден случај во Прилеп, Велес, Охрид и Кавадарци.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира 10 оздравени пациенти и четворица починати.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројот на оздравени пациенти е 1.605, а на починати 145. Во моментов во земјава има 742 активни случаи.

Досега се направени вкупно 32.161 тестирања на COVID-19.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе