Жената која ја налути јавноста: Уби жирафа и позираше со неа откако ѝ го извади срцето

Мерелиз Ван Дер Мерв, 32-годишна жена од Јужна Африка, овие денови на социјалните мрежи објави фотографии на кои позира со мртва жирафа убиена во текот на лов и тоа на Денот на вљубените.

Како подарок од сопругот за денот посветен на љубовта оваа жена побара да убие 17-годишна жирафа, за да го извади нејзиното срце и да се фотографира со мртвото животно. И тоа не е сè, таа има и оправдување за ова откако нејзините постапки наидоа на осуда на интернет.

„Дали некогаш сте се запрашале колку големо е срцето на жирафите? Апсолутно сум одушевена од мојот голем подарок за Денот на вљубените“, напиша таа покрај фотографијата на која во рацете држи огромно срце извадено од телото на убиената жирафа.

На коментарите од налутените активисти за заштита на животните, оваа жена одговори дека „ловот помага во зачувување на дивите животни во Јужна Африка, создава нови работни места и придонесува за развој на туристичката индустрија“.

Таа вели дека смртта на 17-годишниот мажјак ќе создаде прилика „нов мажјак да го преземе стадото што ќе овозможи нова силна генетика“.

Раскажа дека со сопругот отпрвин планирала Денот на вљубените да го мине во некој ресорт, но ги промениле плановите по што изразила желба да оди во лов на жирафа. За тоа „уживање“ сопругот платил 1.500 фунти.

„Со години чекав на мојот совршен мажјак, колку е постар толку кожата му е потемна. Ја обожавам кожата од жирафа и фактот дека е култно животно во Африка“, вели таа.

Додава дека нејзиниот лов тој ден овозможил работа за 11 луѓе и обезбедил месо за локалните жители. Според нејзиното мислење, со забраната за лов на диви животни „тие би станале без вредност и би изумреле“.

Со неа не се сложуваат активистите од организацијата Born Free за борба против трофеен лов на диви животни. Тие го отфрлаат тврдењето дека со тоа се поддржува зачувувањето на животните и локалната заедница.

„Ловот на трофеи е враќање во колонијалното минато, а таргетирањето на одредени животни ја нарушува заедницата на животните и има негативен ефект на нивната популација и целиот екосистем“, порачуваат тие.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Чек дис аут

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Read more

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе