Македонија

Жерновски се повлекува од трката за градоначалник

13. септември 2017 - 10:32 | Макфакс

СДСМ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Општина Центар, најави синоќа премиерот Зоран Заев.

Тој објасни дека Андреј Жерновски ќе ја повлечел кандидатурата за градоначалник на Центар, а за возврат ќе станел дел од извршната власт.

Овие вести се неочекувани, затоа што Жерновски во повеќе наврати најавуваше дека доколку не биде кандидиран од СДСМ, на изборите ќе настапи сам со своја советничка листа.

Коментирај