Жирафа преживеа петчасовна борба со лавови
Храбра жирафа успеа да преживее брутален напад од група лавови што траеше дури пет часа.
Шест гладни лавови решија да ја изедат возрасната жирафа во јужноафриканскиот резерват Класери. Ја опколија, а една лавица ѝ скокна на грб и стоеше таму со зариени заби околу две минути.
Но жирафата беше поупорна и иако беше повредена успеа жива да излезе од оваа нерамна борба.