Живееш во општина Центар и не знаеш дали сабајле ќе те разбуди багер?

Граѓанската иницијатива Шанса за Центар и нејзините советници изработија мапа на издадени и побарани градежни дозволи на територијата на општината.

Тоа веќе го побараа од општината, но додека чекаа одговор, сами ја завршија работата, користејќи ги достапните податоци од службените гласници на општината.

„Ако постои ваков систем, лесно ќе се забележува и ако некој гради диво. Со вакво информирање ќе овозможиме вклучување на граѓаните и јавноста“, велат од Шанса за Центар.

„Кога поднесовме амандман со барање да се објават овие податоци, ни го одбија. Наводно, требало да се провери дали овие податоци смеат да бидат јавно објавени. Изгледа уште проверуваат! Ние најдовме дека дел од податоците за градежните дозволи се објавени во Службените гласници на интернет страницата на Општина Центар. Тие локации ги ставивме на мапа“, велат оттаму.

„Има уште градежни дозволи кои ги издала општината за кои нема јавна информација. Ова се само дозволите за кои општината не успеала преку пошта да ги извести соседите дека блиску до нив ќе се градат објекти, па морале тоа да го објават јавно во Службениот гласник.  Но, за почеток, и тие што ги има се доволни за да прикажеме каков систем на информирање за градежните зафати треба да има секоја општина, пред сѐ Општина Центар“, велат од Шанса за Центар и додаваат:

„Ако ние како граѓани на време дознаеме што се планира да се гради во наше маало, ќе имаме време да реагираме. Така ќе можеме да го намалиме ризикот од корупција (кај народот познато како полнење нивни џебови со наши пари). Повеќе нема да можат така лесно да ги заобиколуваат законите и правилата и да прават неповратна штета во наше маало.

 Ако постои ваков систем, лесно ќе се забележува и ако некој гради диво.

Со вакво информирање ќе овозможиме вклучување на граѓаните и јавноста.“

Кликнете на мапата за да видите каде, за какви објекти и за кои инвеститори годинава, но и претходно, се издадени градежни дозволи. Локациите се мапирани од најновите кон постарите, според датумот на Службениот гласник кога се објавени.

„Тоа што има уште дозволи, за кои ќе дознаеме дури кога ќе почне да никнува нов објект до нас, покажува колку е „таен“ целиот процес и систем за издавање градежни дозволи. Таму ниту граѓаните, ниту општинските советници не смеат да припарат!“, стои во објавата.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе