Живи мртовци: Тајните егзекуции во последната европска диктатура

Во Белорусија, единствената земја во Европа во која уште постои смртна казна, на осудениците не им се соопштува денот на погубувањето, а потоа сѐ во врска со тоа се држи во тајност.

Кога стражарите доаѓаат по нив, затворениците никогаш не знаат дали тоа им е последен пат што ќе ја видат ќелијата.

Во десетте месеци што ги поминал како осуденик на смрт, Генадиј Јаковички знаел дали е ден или ноќ само по слабата светлина што се пробивала низ прозорецот покриен со мрежа. Во ќелијата било пуштено силно вештачко светло 24 часа.

Било многу лесно да се изгуби осет и поим за време. Кога биле во изолација им било забрането да излегуваат да прошетаат. Посетите биле строго ограничени на најблиски роднини и адвокатите кои смееле да ги посетат еднаш месечно.

Кога го изнесувале од ќелијата, главата му била наведната напред, рацете врзани зад грб и не знаел дали го носат во посета или на погубување, раскажува неговата ќерка Александра.

„Дали ме чека семејството? Адвокатот? Или куршум во глава?“, помислувал Генадиј.

Не смееле да зборуваат за случајот, само за семејни работи, се присетува Александра која тогаш имала 27 години.

Јаковички бил осуден за две убиства и погубен во ноември, 2016 година на 49 години.

Живи мртовци – никој не знае кога ќе добие куршум во глава

Белорусија, која многумина ја сметаат за „последната диктатура во Европа“, е единствената држава во Европа и поранешна СССР во која правниот систем уште предвидува смртна казна, а целиот процес се обавува во голема тајност.

Погубувањата се извршуваат со куршум во глава, но точниот број на егзекуции не е познат – се смета дека од 1991 година, кога Белорусија стана независна држава, се погубени околу 300 луѓе.

Според организацијата Амнести интернешенал, две егзекуции биле извршени лани, а уште најмалку шестмина затвореници се на „листа на чекање“. Според белоруските закони, жените не може да бидат осудени на смртна казна.

Смртната казна обично се изрекува за тешки убиства, а осудениците се сместуваат во специјални ќелии во подрумскиот дел на Притворен центар 1, поранешен замок од 19. век во центарот на Минск, каде новинарите и активистите за човекови права со години веќе немаат пристап.

Локалната организација за заштита на човековите права Вјасна тврди дека затворениците се изложени на тешко измачување и „психолошки притисок“.

Затворениците не смеат да седат или да лежат на кревет надвор од пропишаното време за тоа и главно го поминуваат времето во шетање низ ќелијата. Често им се забранува да праќаат и да примаат писма.

„Условите се ужасни“, вели Ајша Јунг од Амнести интернешенал која десет години работела во Белорусија.

„Со нив се однесуваат како веќе да се мртви“.

На денот на погубувањето, државниот обвинител само им соопштува на затворениците дека барањето за помилување им е одбиено и егзекуцијата се врши веднаш.

Алех Алкај, поранешен управник на злогласениот затвор, за активистите на Вјасна опиша како изгледа тој момент:

„Почнуваат да се тресат, од студ или од страв, а во очите им се чита такво лудило што не можете да ги гледате.“

Потоа на затвореникот му се става превез на очите и го носат во специјална просторија во која се влегува само со специјална дозвола од обвинителот. Никој од јавноста не смее да влезе таму, велат поранешни агенти.

Потоа на затвореникот му се наредува да клекне на колена и му пукаат во глава.

Целата постапка наводно трае само две минути. Членовите на семејството најчесто се известуваат дури неколку недели или месеци подоцна, а понекогаш известувањето доаѓа во форма на пакет со личните предмети на затвореникот. Пораката е јасна – тој е мртов.

Телото на погубениот никогаш не се предава на семејството, а местото каде е погребано е државна тајна. Тоа е тешко кршење на човековите права на затворениците и нивните семејства и претставува форма на мачење, тврдат активистите.

Граѓаните на Белорусија во 1996 година на референдум со големо мнозинство од околу 80% гласаа против укинување на смртната казна. Меѓународните набљудувачи го оценија референдумот како нерегуларен.

Владата на претседателот Александар Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, уште го користи овој резултат за да ги оправда своите политики.

Додека не биде сменет овој закон, Белорусија останува исклучена од Советот на Европа, организација во која членуваат речиси сите европски земји.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе