Живот на Марс? Експериментите докажаа дека е можно

Живот на Марс, па и во вселената воопшто, е возможен. За тоа сведочат експериментите спроведени на Меѓународната вселенска станица (МВС). Меѓутоа, во такви екстремни услови може да преживеат само најјаките бактерии, а сложените форми на живот немаат баш добри изгледи.

Дали има живот на Марс? Тоа е прашање што долго време ги интересира научниците и обичните луѓе. Во 2020 година руско-европски паметен робот ќе слета на Марс за да го открие конечниот одговор, но одговорот за можноста за постоење некаква форма на живот на Црвената планета веќе е најден во Земјината орбита, на МСС, каде во периодот од 2014 до 2016 година беше спроведен експеримент под името BIOMEX во кој учествуваа 30 научни институти.

Резултатите покажаа дека во екстремни услови на отворено во вселената и во амосферата на Марс може да преживеат одредени форми на живот. Стапката на преживување кај овие организми достигнува 80%.

„На МВС беше претставено цело ‘дрво на животот’. Многу древни бактерии, цијанобактерии, алги, габи, лишаи и бриофити (неваскуларни виши растенија) мораа да се борат за опстанок на МВС“, вели астробиологот Жан Пјер де Вера од германскиот Аеровселенски центар.

Експериментот даде недвосмислени резултати: сложените форми на живот се помалку способни за опстанок во такви екстремни услови.

„Бриофитите беа многу погодени. Преживеа само еден лист и не е јасно дали може да се искористи за добивање нови клетки“, вели Де Вера.

„Слични резултати добивме и со лишаите, но кога станува збор за наједноставните организми имаше пооптимистични изгледи: од едноклеточните организми преживеаја многу повеќе ‘учесници во експериментот’ – меѓу 60 и 70 %, а во некои групи до 80%“, вели тој.

Како е ова поврзано со Марс?

„На Меѓународната вселенска станица ги имитираме условите за живот на Марс за да видиме како организмите можат да преживеат во тие услови и дали од нив може да остане доволно жива материја за да може да се детектира со помош на соодветна опрема“, вели Де Вера.

„Руските космонаути Александер Кворцов и Олег Артемјев ги сместија примероците на специјална платформа на надворешниот дел од корпусот на рускиот сервисен модул на МВС ‘Ѕвезда’“, објаснува тој.

Примероците биле одвоени од отворената вселена со стакло за да не се разлетаат во просторот.

„Меѓутоа, стаклото не штити од космичкото зрачење, а на платформата имало и вселенски вакуум. Дел од примероците биле и дополнително изложени на дејство на марсовски гасови за да се изедначат условите на експериментот со вистинските услови на Марс“, истакнува атробиологот.

Експериментот BIOMEX требало да одговори на прашањето дали Марс е планета на која може да се живее и дали е можно, со помош на опрема, која наскоро ќе биде пратена на Црвената планета во рамките на проектот Екомарс, да се потврди дека таму постојат живи организми, додава тој.

Заклучокот на истражувачите е следен:

„Уште сега можеме да тврдиме дека има смисла да бараме живот на Марс, бидејќи постојат организми од Земјата што може да издржат марсовски услови, особено оние кои живеат на и во земјата. Затоа, во иднина Екомарс ќе биде опремен со алатки за бушење.“

реклама

Може ќебапи, не може цигари: Кои производи може да ги купувате со картичката Купувам домашно?

Read more

Ослободен американски педофил кој беше осуден на 1.000 години затвор

Read more

Спасовски: Домашна платежна картичка и за пензионери и неактивни баратели на работа

Read more

Орел улови двометарска ајкула во САД

Read more

Наука

Истражување: Можно е мутираниот COVID-19 полесно да се пренесува помеѓу луѓето

Read more

Луѓето кои се негативни на COVID-19 тестот можеби имаат некаков имунитет

Read more

Во Кина откриен нов вирус со потенцијал за пандемија

Read more

Французите идентификуваа нов вирус

Read more

Гик

Истражување: Можно е мутираниот COVID-19 полесно да се пренесува помеѓу луѓето

Читај повеќе

Бил Гејтс: Facebook е виновен за брзото ширење на коронавирусот

Читај повеќе

Јапонците направија паметна маска за лице

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новиот Galaxy Note 20 Ultra?

Читај повеќе
  • filter

Објавени првите фотографии за Galaxy Z Flip 5G

Читај повеќе

Јапонија развива уред за комуникација меѓу луѓето и животните

Читај повеќе

Луѓето кои се негативни на COVID-19 тестот можеби имаат некаков имунитет

Читај повеќе

OnePlus ќе претстави серија со евтини смартфони под брендот Nord

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тажна глетка: 103 тони ѓубре извлечени од океанот во една експедиција

Читај повеќе