Животни лекции напишани од „90-годишна“ жена

Луѓето често ѝ велат на Реџина Брет дека изгледа одлично за нејзината возраст. Таа има 60 години, но многумина пред да дознаат за нејзиниот вистински идентитет, мислеле дека станува збор за 90-годишна жена. Причината поради која станала популарна на интернет се нејзините универзални животни лекции кои се потсетник за тоа колку всушност е важен животот.

Ноќта пред нејзиниот 45 роденден, откако открила дека има рак на дојките, Реџина ги напишала овие животни лекции во колумна. Во текот на минатите години нејзините мудри зборови станаа вирални на интернет, а некој по грешка ја промени нејзината возраст и ја направи 90-годишна жена, пишува Popsugar.

Но, без разлика на возраста, овие лекции се потсетник на вистинските вредности во животот.

1. Животот не е фер, но сепак е добар.

2. Кога се сомневаш, направи го следниот мал чекор.

3. Животот е премногу краток за да го трошиш на омраза кон некоја личност.

4. Не се сфаќај себеси премногу сериозно. Никој не те сфаќа сериозно.

5. Исплаќај ги ратите на кредитните картички секој месец.

6. Не мора да ја добиеш секоја караница. Согласи се на несогласување.

7. Исплачи се со некого. Поздраво е отколку да плачеш сам.

8. Штеди за пензија, почнувајќи од твојата прва плата.

9. Кога станува збор за чоколадото, отпорот е залуден.

10. Помири се со минатото, така нема да те изигра во сегашноста.

11. Во ред е ако децата те видат како плачеш.

12. Не го споредувај твојот живот со другите. Немаш поим низ што тие минуваат.

13. Ако една врска е тајна, бегај од неа.

14. Никогаш не е предоцна за среќно детство. Но, второто твое детство зависи единствено од тебе и од никој друг.

15. Биди сега ексцентричен. Не чекај да остариш за да носиш виолетова боја.

16. Најважниот секс орган е мозокот.

17. Никој не е задолжен за твојата среќа освен тебе.

18. Простувај секому сè.

19. Што мислат другите за тебе не е твоја работа.

20. Времето лечи скоро сè. Дај му време не времето.

21. Колку и да некоја ситуација добра или лоша, ќе се промени.

22. Tвојата работа нема да се грижи за тебе кога ќе се разболиш. Твоите пријатели ќе се грижат. Пoсвети им доволно време.

23. Верувај во чуда.

24. Твоите деца само еднаш се деца. Направи им детството засекогаш да го паметат.

25. Излегувај надвор секој ден. Чудата се насекаде.

реклама

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе