СЕРИЈА А 2022/2023

Златан Ибрахимовиќ во солзи ја заврши блескавата кариера

Легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ одлучи да стави крај на својата професионална фудбалска кариера, иако претходно немаше некоја поголема најава.

По натпреварот на Милан против Верона во последното коло од Серија А пред полниот „Џузепе Меаца“, Ибрахимовиќ најави дека ќе ги закачи копачките.

Швеѓанецот доби огромен аплауз од трибините и емоциите го совладаа, па заплака.

URL

За легендарниот шведски репрезентативец немаше збогување какво што посакуваше, она на теренот. Причината е тешката повреда која му овозможи да одигра само 4 натпревари, но на нив постигна и еден гол со што и официјално стана најстариот стрелец во историјата на Серија А.

Својата одлука Ибрахимовиќ ја соопшти на теренот, предизвикувајќи шок и солзи на целиот стадион. Плачеа навивачите, дури и најжестоките од јужната трибина на „Меаца“, но и неговите соиграчи. Се знаеше дека заминува од Милан, затоа и с беше подготвено за прсотување со него, но никој не знаеше дека и заминува во пензија.

Додека навивачите беа во солзи, но и самиот Златан, снимката од играчот од средниот ред на Милан, Сандро Тонали, кој не може да здивне, го обиколија светот.

„Дојде моментот да се збогувам со фудбалот, а не со вас. Не дишам, но добро е. Толку многу емоции на овој стадион. Кога прв пат пристигнав во Милан, ме направивте среќен. Кога дојдов по вторпат ми дадовте љубов“, им порача Златан на навивачите на „Росонерите“ во емотивното обраќање.

URL

По неговиот говор, Ибрахимовиќ се прошета низ стадионот чиј надимак е „Сан Сиро“, застана пред трибината со ултрасите и скокаше на скандирањата: „Кој не скока, тој е Нераѕуро!“.

URL

Ибра играше за Милан во два наврата вкупно пет и пол години, одигра 169 натпревари со 93 постигнати голови и освои две Скудета и еден Суперкупот на Италија. Би можел да остане во Милан на друга позиција, но сѐ уште нема информации за такво нешто.

реклама
Запленети пола тон дрога во Албанија

Запленети пола тон дрога во Албанија

Read more
Кинеските полицајци како терминатори

Кинеските полицајци како терминатори

Read more
Ксидакис за МИА: Сега е најдобриот момент за решение за името

Ксидакис за МИА: Сега е најдобриот момент за решение за името

Read more

Хороскопските знаци на плажа: Биковите јадат цел ден, Близнаците сакаат ноќно капење

Read more

Фудбал

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Read more

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе