Знакот „СТОП“ низ фотографскиот филтер на визуелниот уметник Стефан Шашков

На вљубениците во уметничката фотографија им преостанува можноста уште неполна недела да ја посетат изложбата насловена како „СТОП“ на уметникот Стефан Шашков, поставена во изложбениот салон на Младинскиот културен центар во Скопје, од 9 мај до 4 јуни.

Во рамки на изложбата поставени се 27 фотографии чиј основен мотив е сообраќајниот знак „стоп“.
Навидум прозаичната  инспирација концептуализирана во серијата фотографии  во чиј центар се овие осмоаголни знаци, прераснува во уметничка визура и добива конечен контемплативен израз токму во фотографиите на Шашков. За цела оваа необична „претумбација“ на неинвентивните знаци на патот во внатрешно патување на емоцијата и рациото, тој вели:         

„СТОП е една возачка медитација и контемплација на формата, бојата и значењето на сообраќајниот знак „СТОП“ и неговата поставеност во просторот, но и во меѓупросторот на свеста и совеста.

STOP (Seeing Trough Obstacles Prepared), што авторот ја преведува како „Гледајќи Низ Препреките Подготвен“, е негова кованица, што повеќе ја осветлува фундаменталната идеја на овие фотографии, кои говорат за чинот на застанување сфатен како ментална хигиена, односно, хигиена на несвесното.

„За ова застанување зборуваат и шаманите и јогините и медитантите но и Ерменскиот мистик, филозоф и духовен учител Ѓорѓи Иванович Гурџиев, кој ја има донесено оваа игра во Европа“, вели авторот. Според него, кај Кастанеда тоа е наречено “застанување на светот”, односно застанување на внатрешниот дијалог. „Кога ќе застанеш, се друго околу тебе продолжува да се движи и тогаш можеш да ’видиш’, за момент да ѕирнеш во сѐприсутноста„, вели Шашков. Изгледа како сѐ да има „СТОП“. Единствено несвесниот, полусвесниот ум на двоношците, што никогаш не престанува да си ја брка сопствената замислена опашка, не застанува. А тоа е поради еден единствен факт, што никој не не научил како тоа се прави. „Како деца, кога ја игравме оваа игра, чинам, сите сме го имале тој „СТОП“ механизам природно имплементиран во нашата детска свест. Но, современието“, вели авторот, „системот во кој живееме и работиме, од нас бара постојано движење. Тоа е една трка со времето, чија патека е како бескрајна лента, за трчање во место“.

И во циклусите на природата има два стоп знака. Едниот е взори, другиот е квечерина. Тоа се два момента кога некако сѐ застанува во природата, во времетраење од неколку минути. Во тие моменти светлината го менува својот интензитет. Сенките исчезнуваат

квечерина, природата се простува со денот што заминува и ја поздравува ноќта, месечината. В зори, природата се простува со ноќта и го поздравува новиот ден, сонцето.

А, чинот на „СТОП“ е можеби најприсутен во фотографскиот процес.

„И самото фотографирање е всушност застанување на времето, просторот и минливоста. Всушност секоја една фотографија е СТОПирање, застанување, каде за момент сме во една неутрална позиција, во мирување, пред да продолжиме со делувањето“, завршува Шашков.

Во фотографкиот опус на Стефан Шашков последно се вброени четири последователни изложби од проектот „Напуштени храмови“, кои наидоа на извонреден прием најнапред кај њујоршката јавност, а потоа и кај љубителите на овој уметнички израз во Куманово, Струмица и Велес.
„СТОП“ е најновиот проект на Шашков.   

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе