Зола, Симеоне и тренерите кои би можеле да го заменат Маурицио Сари

Поразот од Манчестер Сити со резултат 6:0 му донесе големи проблеми на Маурицио Сари, кој и претходно не беше во сјаен однос со неговите играчи. Челзи секоја година има амбиции да освојува титули, но со моменталната форма на тимот, тешко е да се претпостави дека „сините“ ќе освојат некој од поважните трофеи сезонава...освен ако не се смени тренерот.

Засега, Маурицио Сари останува тренер на Челзи и ќе остане на функцијата барем уште до крај на оваа недела, но неговата позиција воопшто не е сигурна и раководството на клубот веќе почна да размислува на негова замена.

Повеќето од кандидатите се добро познати имиња на навивачите на Челзи, но и на целиот фудбалски свет. За конечната одлука на раководството ќе се знае дури откако сопственикот на клубот, Роман Абрамович, ќе разговара со Сари околу неговата иднина. Во меѓувреме, ќе ви претставиме неколку кандидати кои би можеле да го заменат Италијанецот на кормилото на Челзи.

Џанфранко Зола

Како што споменавме и вчера, Челзи би можел да се реши да оди по стапките на Манчестер Јунајтед и да постави в.д. тренер кој ќе ја преземе тренерската позиција до крајот на оваа сезона, пред да му ја отстапи на некој поискусен стратег. Доколку се случи тоа, Џанфранко Зола изгледа како логично, па и единствено оправдано решение.

Гус Хидинк

Кога се работи за стабилизирање на „бродот“ на Челзи, веројатно не постои поквалификуван тренер за таа работа од Гус Хидинк. Тој двапати претходно беше в.д. тренер на тимот и остави сосем солиден впечаток. Третата среќа можеби ќе му донесе и трајно вработување.

Брендан Роџерс

Во почетокот на неговата тренерска кариера, Брендан Роџерс ги предводеше младинските категории на Челзи до големи успеси, а неговото работно искуство кај „сините“ продолжи и во резервниот тим. Тој во моментов има ангажман во Селтик, но тешко е да се верува дека навивачите би го прифатиле неговото назначување, бидејќи Роџерс неколку години беше тренер на Ливерпул.

Диего Симеоне

Нема што повеќе да се каже за Диего Симеоне – тој е еден од најдобрите тренери во Европа и за време на неговиот престој во Мадрид успеа да го направи Атлетико тим од кој се плаши целиот континент. Но, последните две сезони се добива впечаток дека Симеоне е презаситен од Ла Лига и веројатно би му годела промена. Челзи изгледа како совршен кандидат за следен дом на „Чоло“.

Френк Лампард

Фаворитот на навивачите и една од најголемите легенди не само на Челзи, туку и на англискиот фудбал општо – Френк Лампард би бил тренерот од соништата за многумина симпатизери на „сините“. Поранешниот капитен на Челзи во моментов е тренер на Дерби Каунти, во Чемпионшип лигата, и покажува дека ги има сите потребни квалитети за да биде добар во работата која ја врши.

Лоран Блан

Иако последен, никако заборавен или потценет, Лоран Блан има долгогодишно искуство на големата сцена и знае како е да се води тим со големи амбиции. Дури и во играчките денови Блан беше почитувана фигура на Островот, а неговиот авторитативен пристап би можел да се покаже како многу успешен во Челзи.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе