Зошто е опасно да се прекрива бебешката количка во летните денови?

Не треба да се прекрива детската количка како заштита од сонцето бидејќи тоа може да доведе до синдромот на рана смрт на бебињата.

Предупредувањето доаѓа од истражувачи во Шведска кои сметаат дека дури и најтенката прекривка може да ја намали циркулацијата на воздухот и да ја зголеми топлината во количката, пишува Daily Mail. Синдромот на рана смрт на бебињата може да биде предизвикан од преголема температура, така што еден од ефективните начини за избегнување е одбегнување на термален стрес.

Се препорачува родителите да го остават лицето на бебето непокриено додека спие, односно бебињата до 6 месеци да бидат дома во текот на жештините, особено во периодот меѓу 11 часот и 17 часот.

Сванте Норген е педијатар во детската клиника „Астрид Линдгрен“ во Стокхолм. Заедно со колегите дошол до откритие дека ако ја покриете количката дури и со тенок материјал се намалува циркулацијата на воздухот и драстично се зголемува температурата.

„За да го заштитат бебето од сонце и топлина многу родители ја покриваат количката со пелени, крпи и слично. Педијатарите предупредуваат дека таквата заштита е опасна“, стои во студијата.

Во такви услови телесната температура на бебето може да се зголеми пет пати побрзо отколку температурата кај возрасните.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Здравје

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе