Зошто е потребна Парада на гордоста?

Александра Спасеска
/ 16.06.2021 / 15:32

Втората Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 26 јуни 2021, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ).

Оваа година Парадата на гордоста повторно се враќа на улиците, во физичкиот јавен простор. После првата, успешно и беспрекорно спроведена парада во 2019 година, поради пандемијата сите минатогодишни настани за одбележување на Месецот на гордоста се одржаа одржиме онлајн.

Слоганот на овогодишната скопска парада на гордоста е „Вон ѕидовите!“. ЛГБТИ+ заедницата, како ретко која друга група граѓани, добро ја познава изолацијата и често искусува живот скриен меѓу ѕидовите на нашите мали, приватни простори. Имајќи предвид дека парадите на гордоста имаат за цел да ја зголемат видливоста на нашата заедница, слоганот „Вон ѕидовите!“ организаторите го посветуваат на сите ЛГБТИ+ луѓе кои гордо и достоинствено ќе се приклучат на поворката, но и на сите оние кои од различни причини не можат да бидат отворени и да бидат дел од парадата, давајќи им поддршка и ветување дека здружно ќе продолжат да работат на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите.

„Парадата на гордоста е славење на слободата, различноста, прифаќањето, љубовта. Во овие тешки и комплицирани времиња, потребно е, повеќе од кога било, да ги реафирмираме стремежите кон посолидарно, похумано и поправедно општество. Воедно, парадата испраќа порака дека место под сонцето има за секого; таа е и протест и прослава, и болка и радост, и врисок и мелодија. Да останеме свои и да ги поддржиме оние кои тоа засега не го можат“, велат од организацијата.

Антонио Михајлов, постар советник во Субверзивен фронт, преку социјалните мрежи даде свое видување за тоа зошто е потребна Парада на гордоста и зошто е таа потребна.

Неговите видувања, со негова согласност, ги споделуваме со вас:

Зошто парада на гордоста?

Ние растеме со чувството на срам, со чувството дека нешто не е во ред со нас.

Се смешкаме и црвенееме на прашањата од постарите за тоа дали имаме девојка / дечко (различнополов/а партнер/ка).

Додека созреваме, ги потиснуваме сите наши желби, мисли, копнежи за љубовта, и се обидуваме „да се помириме“.

Врсниците нè вознемируваат на училиште поради нашата „чудност“, а наставниците/чките не отвораат дискусии за сексуалноста во училиштата.

Неретко нè бркаат од дома затоа што не сме им „во калапот“ на родителите и најблиските.

Тешко наоѓаме поддршка кај другар(к)ите, сокласниците/чките, колегите/шките или пак, совет, помош од стручни лица - психолози, психотерапевти.

Во тие турбулентни периоди, некои од нас се предаваат. Ги избираат потешките патишта, или оние од кои нема враќање.

И, ако успееме да преживееме и на 35-40 години да сфатиме дека сè е ок со нас, дека ок е некои, вклучително и најблиските, да не нè сакаат и прифаќаат, тогаш настанува тивка, но силна промена.

Тогаш, кога немаме никого на наша страна, кога никој не застанува позади нас, почнуваме да се засакуваме себеси, такви какви што сме, со сите силни и слаби страни.

Почнуваме да сфаќаме колку сме силни, колку сме моќни, и ја вртиме страницата на нашиот животопис.

Да си ЛГБТИ во опкружување коешто те потиснува, те негира, ти се потсмева, те омаловажува, те дискредитира, и тоа како е причина да се биде горд!

Да живее Skopje Pride, да го славиме нашето живеење, да се гордееме што сме пркос со самата наша егзистенција!

Како помага парадата на гордоста?

Лесно е да се каже: Зошто парадирате? Кои права ви се ускратени? Што ви недостига?

Лесно е да се изговорат овие зборови затоа што:

Вие не знаете како е да сакаш да го/ја бакнеш саканиот/саканата на јавно место, а притоа да не почувствуваш анксиозност, стрес, вознемиреност од туѓите погледи, туѓите извици, и, понекогаш туѓите напади

Вие не знаете како е да сакаш да се фатиш за рака со саканиот/саканата во јавен простор, а внатре да чувствуваш силен страв од тоа да не предизвика негативни реакции кај минувачите

Вие не знаете како е да живееш прикриено цело време: на работа, на училиште, во домот, на спортските терени, на игралиштата, да не можеш да споделиш важен дел од твојот живот со твоите најблиски, твоите колеги/шки, твоите сокласници/чки, твоите другар(к)и.

Вие не знаете какво е чувството кога одиш на шалтер во државна институција, во банка, во болница, на царинска контрола, и се молиш пак да не си предмет на потсмев, на интрузивни прашања за твојата приватност, на деградирачки ставови за тоа кој си.

Вие не знаете како е да се живее постојано во 4 ѕида, додуша, можеби, нешто слично можевте да почувствувате за време на рестриктивните мерки во текот на пандемијата, којзнае..

Сè додека не знаете, сè додека се прашувате зошто парадираме, сè дотогаш ќе сме на улиците.

Парадата создава отворен и сигурен простор, креира чувство на слобода кај самите учесници, посебно на оние кои се дел од ЛГБТИ заедницата, барем за еден ден од 365 дена, и тоа за неколку часа од тој ЕДЕН ден, да може да почувствуваат како е да се живее ВОН ЅИДОВИТЕ!

Антонио Михајлов е Постар советник и еден од основачите на Субверзивен фронт – здружение за сексуални и родови малцинства од Скопје, Северна Македонија, и Координатор на Организацискиот одбор на Скопје Прајд. Универзитетскиот профил на Михајлов е во областите на менаџмент на е-бизнис, проектен менаџмент, маркетинг комуникации и организациски развој. Негови интереси се застапување за ЛГБТИ и женски права, обука и образование за род и сексуалноста, како и истражувања за ЛГБТИ теми.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Живот

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Read more

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе